MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за комунални работи

Сектор за комунални работи

 

I СТРУКТУРА

 

 

II. НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за комунални работи:

  • врши работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води;
  • управувањето со отпадот;
  • одржувањето и користењето на парковите, парк-шумите, спортско-рекреативните зони и другите заштитени подрачја;
  • одржувањето на зеленилото на јавните и сообраќајни површини;
  • снабдување со природен гас и топлинска енергија;
  • категоризација и именување на градски населби, улици, плоштади мостови и други инфраструктурни објекти;
  • одржување на гробишта;
  • дезинсекција и ерадикација на животните скитници;
  • изградба, користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажба на моторни возила на подрачјето на Градот Скопје и други комунални работи утврдени со оваа одлука;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени. 

 III КОНТАКТ

 

Раководител на сектор за комунални работи:

Зоран Лапевски                                                      

Телефон:

3297 241, 3297 283

е-мail:

zlapevski@skopje.gov.mk 

Работно време:

08.30-16.30 часот


 

 
IV СЕРВИСИ

 

 

Комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води

 

I. НАДЛЕЖНОСТИ

 
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води:
  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води и предлага мерки за нивно унапредување;
  • подготвува предлог среднорочна и долгорочна стратегија за развој на водоснабдувањето и одведувањето на урбаните отпадни води во Градот Скопје;
  • ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
  • снабдување со вода за пиење од единствениот водоснабдителен систем на Градот Скопје;
  • одведување и пречистување на отпадни води;
  • одведување и испуштање на атмосферски води;
  • обработка и испорака на технолошка вода;
  • ја следи работата на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, основано од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на неговата работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансискиот план и годишната сметка и други информации доставени од ЈП „Водовод и канализација“;
  • обезбедува вршење на работите поврзани со регулација, одржување и користење на речните корита во урбанизираните делови;   
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени. 
II. КОНТАКТ
 
Раководител на Одделението  за комунални работи
од областа на водоснабдувањето и
одведувањето на урбаните отпадни води:
Тони Костов                                     
Телефон:
3297 241, 3297 390
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
  

 

 

Комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило  

 

 

I. НАДЛЕЖНОСТИ
 
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на комуналната хигиена и одржувањето и користењето на паркови и зеленило:
  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на  одржувањето и користењето на парковите и зеленилото и предлага мерки за нивно унапредување;
  • ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
  • одржување на јавната чистота на јавните сообраќајни површини;
  • одржување и користење на градските паркови (Градскиот парк, Паркот „Жена Борец“), парк-шумите на подрачјето на градот Скопје (Парк-шумата Водно, Парк-шумата Гази Баба), водните и спортско-рекреативните зони (рекреативна зона Водно-Сарај-Матка и спортско-рекреативни површини) и заштитените подрачја;
  • одржување на зеленилото на магистралните и собирните улици;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени. 
   
 
II. КОНТАКТ  
   
 Раководител на Одделението за комунални работи од областа на одржување и користење на паркови и зеленило:   Емил Дуровиќ 
Телефон:
3297 241, 3297 390           
е-мail:
 Emil.Durovik@skopje.gov.mk
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

  Комунални работи од областа на комуналната хигиена  
I. НАДЛЕЖНОСТИ
 
Согласно Член 11 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за комунални работи од областа на комуналната хигиена:
  • ги следи и ги анализира состојбите во областа на комуналната хигиена и предлага мерки за нивно унапредување;
  • го подготвува предлог планот за управување со отпадот на Градот Скопје,  предлог годишните програми за управување со отпадот и годишните извештаи за спроведување на програмата за управување со отпадот;
  • предлага проекти и дава предлози за инвестициони зафати за подобрување на општата состојба со управувањето со отпадот;
  • ги следи, изготвува и реализира прописите поврзани со:
  • собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид неопасен отпад;
  • одржување на депониите за комунален и друг вид неопасен отпад;
  • одржување на јавната чистота и грижа за напуштениот отпад;
  • ја следи работата на јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Дрисла“, основани од Градот Скопје и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на нивната работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, финансиските планови и годишните сметки и други информации доставени од ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Дрисла“;
  • одржување на гробиштата „Бутел“ и давање погребални услуги на градските гробишта;
  • снабдување со природен гас и топлинска енергија;
  • дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје; 
  • ерадикација на животните скитници;
  • определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување;
  • украсување на Градот Скопје со знамиња;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени    
  II. КОНТАКТ

 

 

 
     

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10443279