MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за сообраќај
 
 
 
Сектор: Сообраќај
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје” бр. 12/2005) Секторот за сообраќај:
  • ги врши работите на планирање и развој на сообраќајот во Градот Скопје;
  • утврдување на условите и режимот на сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје;
  • уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници и авто-такси сообраќајот;
  • изградбата, одржувањето и користењето на јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје;
  • остварува соработка со надлежните органи од областа на сообраќајот;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за сообракај:            
Зоран Давидоски
Телефон:
3297 309
е-мail:
Zoran.Davidoski@skopje.gov.mk             
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
Помошник раководител на Секторот за сообракај:
Зоран Дамјановски
Телефон:
 
е-мail:
Zoran.Damjanovski@skopje.gov.mk             
Работно време:
08.30-16.30 часот

IV. СЕРВИСИ

 
 
  
Планирање и развој на сообраќајот
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за планирање и развој на сообраќајот:
  • ги следи и анализира состојбите во областа на сообраќајот во Градот Скопје и предлага мерки за нивно унапредување, преку изготвување на предлог годишни, среднорочни и долгорочни планови за развој и управување со сообраќајот во Градот Скопје;
  • врши анализа на податоците за режимот и протокот на сообраќајот;
  • предлга проекти и решенија за примена на технички иновации и технологија за безбедно одвивање на сообраќајот и предлози и решенија за подобрување на безбедноста во сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје;
  • во координација со Одделението за контрола на сообраќајната сигнализација и утврдените режими на сообраќај, изготвува предлог годишна програма за изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и собирни улици и други инфраструктурни објекти и се грижи за нејзината реализација;
  • изготвува проектни задачи за сообраќајни проекти и студии;
  • врши анализа на состојбата со стационарниот сообраќај и анализа за степенот на искористеност на јавните гаражи и паркиралишта;
  • дава предлози за организација на стационарниот сообраќај на јавните сообраќајни површини;
  • изготвува предлог програма за изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за Градот Скопје, утврдени со урбанистички план и се грижи за нејзината реализација;
  • врши работи од областа на уредување и организирање на јавниот градски и приградски превоз на патници;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.   
 

II. КОНТАКТ

Раководител на одделението за планирање
и развој на сообраќајот:
Александар Крстески                     
Телефон:
3297 311
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
Контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај
 
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за контрола на сообраќајна сигнализација и утврдени режими на сообраќај:
  • ги утврдува условите и режимот на сообраќајот на подрачјето на Градот Скопје во согласност со надлежното министерство;
  • обезбедува поставување, замена, отстранување и одржување на сообраќајните знаци и заштитната опрема на локалните патишта и улици;
  • подготвува решенија, мислења и согласности за сообраќајни планови, елаборати и проекти;
  • ја следи работата на јавните претпријатија основани од Градот Скопје: ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“ и предлага мерки за решавање на проблемите и унапредување на нивната работа;
  • во соработка со надлежните сектори и одделенија од градската администрација, стручно ги обработува и дава мислење за годишните извештаи и планови за работа, за финансиските планови и годипните сметки и за други информации доставени од ЈП „Градски паркинг“, ЈП „Улици и патишта“ и ЈСП „Скопје“, основани од Градот Скопје; 
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
 
Советник за режим на сообраќај:     
Даниел Павлески
Телефон:
3297 313
е-мail:
daniel.pavleski@skopje.gov.mk                                  
Работно време:
08.00-16.00 часот
 
 
 
 
  
 
 
 
Издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот
 
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 12 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за издавање лиценци и дозволи во областа на сообраќајот:
  • ги подготвува предлозите на прописи и поединечните акти што врз основа на закон ги донесува Советот на Град Скопје и градоначалникот на Град Скопје во областа на превозот во патниот сообраќај;
  • врз основа на барање од правни и физички лица што вршат превоз на патници, ги подготвува лиценците  за линиски превоз на патници во Градот Скопје;
  • врз основа на барање, ги подготвува лиценците за авто-такси превоз на патници;
  • ги подготвува дозволите за определена линија за вршење линиски превоз на патници;
  • врши регистрација на возен ред за определена линија за линиски превоз на патници;
  • ги подготвува дозволите за посебен линиски превоз на патници (превоз на работници, ученици, корисници на аеродром, итн.) за подрачјето на Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделение за издавање на лиценци
 и дозволи:
Марјан Крковски
Телефон:                                                                             
3207 548
е-мail:
Marjan.Krkovski@skopje.gov.mk                      
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 

 


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 10108156