MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор јавни дејности
  
 
Сектор: Јавни дејности
 
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 13 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за јавни дејности:
  • врши работи поврзани со основањето, финансирањето и учеството на претставници на Градот Скопје во органите на управување во јавните средни училишта на подрачјето на Градот Скопје;
  • обезбедувањето услови за развој на квалитетен спорт во Градот Скопје;
  • организирање, поттикнување и помагање спортски манифестации и приредби од значење за Градот Скопје;
  • изградба и одржување на спортски објекти од значење на Градот Скопје;
  • институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за Градот Скопје;
  • негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности, организирање културни манифестации, поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
  • одбележување на настани и личности од значење за Градот Скопје со спомен обележја;
  • остварување на социјална грижа за категории лица определени со закон;
  • управување, основање, финансирање и одржување на јавните установи домови за стари слица и детски одморалишта;
  • преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
  • здравствено воспитување, унапредување на здравјето и превентивни активности; здравствен надзор над животната средина и над заразните болести;
  • помош на пациенти со специјални потреби;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Раководител на  сектор за јавни дејности: 
Татјана Балаќ
Телефон:
3297 221, 3297 213
е-мail:
tatjanabalac@skopje.gov.mk              
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на сектор
 за јавни дејности: 
Џевдет Вејсели
Телефон:                                                 
3297 243
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на сектор
 за јавни дејности: 
Петар Гичаровски
Телефон:                                                 
3297 243
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

  
Спорт
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 13 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за спорт:
  • на предлог на Сојузот на спортови на Градот Скопје, подготвува програма за организирање на спортски приредби и манифестации, поддржување на системот на натпревари на општинско и на ниво на Градот Скопје во определени спортови и категории, поддржување на традиционалните спортски натпревари и манифестации од национален и меѓународен карактер, поддржување на училишниот и студентскиот систем на натпревари, системот на манифестации и форми на натпревари за лица со посебни потреби, како и масовните спортско-рекреативни активности на граѓаните;
  • подготвува програма за развој на масовниот спорт и рекреативните активности на граѓаните, опфатени во програмите на спортските и сопртско-рекреативните клубови, во реализација на училишниот и студентски спортски систем, спортот за сите и особено спортско-рекреативни активности на лица со посебни потреби;
  • подготвува програма за одржување и изградба на објекти за спорт, одржување, користење и опремување, планирање и изградба на современи спортски објекти;
  • го подготвува предлогот за утврдување на мрежата на спортските објекти и нивно класифицирање;
  • го подготвува предлогот за определување рекреативни зони за масовно спортување;
  • подготвува програма за поддржување на Сојузот на спортови на Градот Скопје;
  • дава стручно мислење за извештајот на Сојузот на спортови на Градот Скопје за исполнување на програмите и роковите утврдени во нив;
  • го подготвува предлогот на прописот за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на  одделение за спорт:
Зоран Шишковски
Телефон:                                                           
3297 320                                      
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 
 
 
 
Култура
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 13 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за култура:
  • подготвува програма за институционална и финансиска поддршка на културните установи и проекти од значење за Градот Скопје;
  • подготвува програма за негување на фолклорот, обичаите, старите занаети и други културни вредности;
  • подготвува програма за организирање културни манифестации;
  • подготвува програма за поттикнување на разновидни специфични форми на творештво;
  • подготвува програма за одбележување на настани и личности од значење за Градот Скопје со спомен обележја;
  • ја подготвува одлуката за подигање, чување, заштита и користење на спомен обележја и другите прописи од надлежност на Советот на Град Скопје;
  • го води регистарот на спомен обележја и доставува извод од регистарот при секој упис или промена до надлежното министерство;
  • иницира и ја спроведува постапката за основање локален музеј и библиотека;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Лице за контакт:
Нада Пешева
Телефон:
3297 323
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 
 
 
 
Социјална, детска и здравствена заштита
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 13 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за социјална, детска и здравствена заштита:
  • предлага програма за управување, финансирање и одржување на јавната установа Геронтолошки завод “13 Ноември“, оддел „Мајка Тереза“;
  • предлага програми за основање, управување, финансирање и одржување на установи за институционална и вонинституционална социјална заштита;
  • предлага преземање мерки за заштита на здравјето на работниците и заштита при работа;
  • предлага мерки и активности за здравствено воспитување;
  • предлага мерки за унапредување на здравјето и превентивни активности;
  • предлага мерки за вршење надзор над заразните болести;
  • предлага мерки за помош на пациенти со специјални потреби;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделение за социјална, детска
и здраствена заштита:
Елеонора Николовска
Телефон:
3297 321                                                
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 

 


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9226175