MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за меѓународна соработка
 
 
Сектор: Меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации
 
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за меѓународна соработка и соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации:
  • врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје;
  • предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за меѓународна
соработка и соработка и поддршка
на здруженија на граѓани и фондации:
Ловрен Маркиќ
Телефон:
3297 235
е-мail:
Lovrenm@skopje.gov.mk            
Работно време:
08.30-16.30 часот

  

Помошник раководител на Секторот за меѓународна
соработка и соработка и поддршка
на здруженија на граѓани и фондации: 
Мирјана Апостолова
Телефон:
3297 245
е-мail:
Mirjanaa@skopje.gov.mk                        
Работно време:
08.30-16.30 часот
 

 
 Меѓународна соработка
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за меѓународна соработка:
  • подготвува годишна и среднорочна програма за соработка со збратимените градови на Градот Скопје;
  • во координација со другите сектори во рамки на градската администрација ги реализира проектите од областа на соработката со збратимените градови на Градот Скопје;
  • врз основа на предлозите и иницијативите од другите сектори во рамки на градската администрација, поднесува предлог-проекти за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областите од надлежност на Градот Скопје;
  • ја координира работата на проектните тимови за реализација на проектите кои се финансираат од странски и меѓународни донатори и организации и учествува во подготовката на извештаите, евалуациите и друга документација која се поднесува до странските/меѓународни донатори и организации;
  • во координација со другите сектори во рамки на градската администрација, иницира, координира и учествува во реализацијата на проектите кои се финансираат со кредити/заеми од странски или меѓународни финансиски организации;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за меѓународна соработка:
Мери Костовска
Телефон:
3297 286
е-мail:
Meri.Kostovska@skopje.gov.mk                       
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 Соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 15 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации:
  • врши работи поврзани со иницирање, координација и реализација на соработката на Градот Скопје со збратимените градови, со странски и меѓународни донатори, организации и кредитори, со здруженијата на граѓани и фондации на подрачјето на Градот Скопје;
  • предлага мерки за поддршка на активностите на здруженијата на граѓани и фондации;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
Одделение за европска интеграција
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 11 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и15/07).
 
Одделението за европска интеграција:
  • Ги следи активностите поврзани со европските процеси;
  • обезбедува информации на Град Скопје за европските политики кои се во тек на дефинирање;
  • предлага мерки и активности за изградба на капацитетите на градската администрација согласно со европското законодавство.
  • учествува и организира тркалезни маси и конференции кои се однесуваат на развојот на локалното законодавство.
  • помага во ефективно усвојување на европските структурни фондови преку лесен достап на информации за европските програми, проекти и иницијативи за заедништво;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени;


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9373854