MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за информатички технологии и модернизација
 
 
Сектор: Информатички технологии и модернизација
 
 
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторотот за информатички технологии и модернизација:
  • врши работи поврзани со развојот на информациониот систем на Градот Скопје, развојот на Географскиот информационен систем (ГИС) на Градот Скопје, администрирањето и одржувањето на информатичко-технолошката инфраструктура на Градот Скопје;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ

 

 

Раководител на Секторот за
информатички технологии и модернизација: 
Оливера Јакшиќ - Транталовска
Телефон:
3297-345                                  
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот                                        

 

 

 
 
 
 Развој на информациониот систем на Град Скопје
 
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за развој на информациониот систем на Град Скопје: 
  • ги следи меѓународните искуства на полето на примената на новите технологии и модернизацијата на локалната самоуправа;
  • предлага и реализира стратегија за воведување информациски технологии во градската администрација;
  • предлага и реализира стратегија за безбедност на информациите во информациониот систем на Градот Скопје;
  • го планира, развива, проектира и реализира информациониот систем на Град Скопје;
  • ја планира, развива и проектира информатичко-комуникациската инфраструктура на Градот Скопје;
  • во соработка со Одделението за човечки ресурси, планира, организира и реализира обука за вработените во градската администрација за примена на информатичко-комуникациската технологија;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни и странски донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областите на информатичкото општество и е-управа;
  • обезбедува проектен менаџмент за информатички и е-управа проекти (дефинирање, планирање, учество во имплементацијата и евалуација);
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за развој
на информационен систем:
Марија Караџин - Попова
Телефон:
3297 343, 3297 261                    
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
 

Горе

Географски информационен систем (ГИС)
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за географски информационен систем (ГИС):
  • предлага и реализира стратегија за воведување на ГИС на Градот Скопје;
  • врши планирање, проектирање, развој  и интегрирање на ГИС на Градот Скопје;
  • изготвува и воведува приоритетни ГИС потсистеми;
  • го организира и поддржува обезбедувањето и одржувањето на информациската основа (геодетска и адресна подлога) на ГИС на Градот Скопје;
  • врши дигитализација на податоци и информации од интерес за Градот Скопје;
  • врши координација на податоци и информации со други надлежни органи и институции од интерес на ГИС на Градот Скопје;
  • дефинира и воведува стандарди од интерес на ГИС на Градот Скопје;
  • во соработка со Одделението за човечки ресурси, организира и реализира обука за техничката и програмската платформа на која ќе се развива ГИС на Градот Скопје и обука за користење на ГИС на Градот Скопје;
  • учествува во планирањето, управувањето и реализацијата на меѓународни проекти во областа на географските информациони системи;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за географски информационен систем (ГИС):
Михаел Водеб
Телефон:
3297 356, 3297 261                                  
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 
Информатичко-комуникациската инфраструктура
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 16 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за информатичко-комуникациската инфраструктура:
  • врши организирање, имплементирање и одржување на информатичката и комуникациска инфраструктура на Градот Скопје;
  • врши системско администрирање на информатичката и комуникациска инфраструктура на Градот Скопје;
  • обезбедува оптимален режим на работа на информациониот систем на Град Скопје;
  • обезбедува сигурност и заштита на податоците, информациите и документите во информациониот систем на Град Скопје;
  • го дефинира и обезбедува овластеното користење на информациониот систем на Град Скопје;
  • води база на податоци за информатичко-комуникациската опрема, лиценци, гаранции и сервисирање;
  • обезбедува администрација и техничка поддршка и одржување на порталот и веб страницата на Градот Скопје;
  • обезбедува help desk функција за сите учесници во информациониот систем на Град Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Лице за контакт:                                      Филип Силјановски
Телефон:
3297 343
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9226170