MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за поддршка на градоначалникот
 
Сектор: Поддршка на градоначалникот
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 17 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за поддршка на градоначалникот:
  • ги врши работите на организирање и подготовка на средбите и состаноците на градоначалникот на Град Скопје;
  • информирање на јавноста и медиумите за активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните установи од надлежност на Градот Скопје;
  • примање и одговарањето на претставките и предлозите на граѓаните;
  • спроведување на анкети и организирање на јавни трибини за одделни прашања од надлежност на Градот Скопје;
  • организација и пласирање на информации на веб страната на Градот Скопје;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за поддршка на градоначалникот:
Марија Николова 
Телефон:
3297-204 
е-мail:
Marija.Nikolova@skopje.gov.mk                           
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
Помошник раководител на Секторот за поддршка
 на градоначалникот:
 м-р Марина Петровска 
Телефон:
3297 203                                                   
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
Помошник раководител на Секторот за поддршка
 на градоначалникот:

Неделчо  Крстевски

Телефон:
3297 265                                                 
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
  
  
Помошник раководител на Секторот за поддршка
 на градоначалникот:
Лазо Петрушевски
Телефон:3207 534
е-mail:lpetrusevski@skopje.gov.mk 
Работно време:08.30 - 16:30

 

Координација на активностите на градоначалникот
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 17 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за координација на активностите на градоначалникот:
  • ги организира протоколарните и работни средби и состаноци на градоначалникот на Град Скопје;
  • ја координира подготовката на материјалите и информациите што му се потребни на градоначалникот на Град Скопје за неговите средби и состаноци; 
  • составува белешки и записници за средбите и состаноците на градоначалникот;
  • ги организира работите поврзани со посетите на градоначалникот во странство;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Помошник раководител на Секторот за поддршка
на градоначалникот:
Марина Петровска
Телефон:
3297 203                                                   
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе

 
Односи со јавноста и информации за граѓаните
 
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 17 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за односи со јавност и информации за граѓани:
  • ја остварува комуникацијата со медиумите во однос на активностите на органите на Градот Скопје, јавните претпријатија и јавните служби што се во надлежност на Градот Скопје;
  • организира прес-конференции, брифинзи и интервјуа за новинарите со портпаролот и градоначалникот на Град Скопје;
  • подготвува соопштенија за јавноста;
  • го координира прибирањето на информациите од одделните сектори во рамки на градската администрација, Советот на Градот Скопје, јавните претпријатија и другите јавни установи и служби во надлежност на Градот Скопје;
  • оперира со отворената линија за новинари и ги подготвува писмените/усни одговори на нивните прашања;
  • го подготвува дневниот клипинг и го брифира градоначалникот на Град Скопје;
  • оперира со отворената телефонска линија за граѓаните и го координира подготвувањето на одговорите на нивните прашања со другите сектори во рамки на градската администрација и јавните претпријатија и служби во надлежност на Градот Скопје;
  • го организира Граѓанскиот форум за реализација на директните средби на граѓаните со градоначалникот на Градот Скопје;
  • го организира и ги дефинира информациите за веб страницата на Градот Скопје;
  • го врши приемот на претставките и предлозите од граѓаните за работата на органите на општината и градската администрација и го координира доставувањето на образложени одговори на подносителите на претставките и предлозите и доставувањето на претставките и предлозите кои што не се однесуваат на работите од надлежност на Градот Скопје до соодветниот надлежен орган;
  • спроведува анкети и организира јавни трибини при изготвувањето на определени прописи и стратешки и развојни документи на Градот Скопје;
  • спроведува анкети за мерење на ставот на граѓаните за определени прашања и проблеми во Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на Одделението за односи
со јавноста:

 

Телефон:
3297 265                                          
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

Горе


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9540877