MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за општи работи
 
Сектор: Општи работи
 
I. СТРУКТУРА 
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за општи работи:
  • ги врши работите на управување со човечките ресурси во градската администрација;
  • реализација на јавните набавки;
  • протоколарни, преведувачки и стручно-административни работи за потребите на Советот и градоначалникот на Градот Скопје;
  • обезбедување на лица и деловните простории на Градот Скопје;
  • одржување на хигиената;
  • одржувањето и користењето на возниот парк и други помошни работи за потребите на Советот и градоначалникот на Градот Скопје и градската администрација;
  • ја координира својата работа со секторите во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени. 
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за општи работи:
Никола Илиев
Телефон:
3297 271                                               
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Јавни набавки

 

I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за јавни набавки:
  • во законски утврдениот рок, подготвува предлог годишен план за јавните набавки по видови на стоки, услуги и работи;
  • ги подготвува предлог одлуките за потреба од јавна набавка;
  • ги подготвува огласите за јавни набавки и ги објавува во согласност со закон;
  • во координација со надлежните сектори, учествува во подготовката на документацијата за јавни набавки;
  • го води регистарот на постапките за јавни набавки и ги доставува податоците до Бирото за јавни набавки;
  • дава стручна и техничка помош на Комисијата за јавни набавки;
  • подготвува предлог одлука за избор/не избор на најповолен понудувач или поништување на повикот за јавна набавка;
  • го подготвува известувањето за избор на најповолен понудувач и го доставува до сите учесници во јавниот повик;
  • подготвува извештаи за потребите на органите на Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Одделение за јавни набавки:
 
 
 Бојан Савески
Телефон:
 3297222                                     
е-мail:
 Bojan.Saveski@skopje.gov.mk
 
Работно време:
 08.30-16.30 часот

Горе

 
Стручни и стручно-административни работи
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за стручни и стручно-административни работи:
  • обезбедува писмен, устен и симултан превод за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје на албански и други светски јазици;
  • ги врши протоколарните работи за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје;
  • врши лектура на прописите, материјалите, информациите и другите документи за потребите на Советот и градоначалникот на Град Скопје и градската администрација;
  • врши работи од областа на заштитата и спасувањето во согласност со закон;
  • ракува со документите на Градот Скопје и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија;
  • го организира вршењето на секретарските работи;
  • ја врши доставата и приемот на писма и други материјали и пратки;
  • се грижи за планирање на набавка и распредлба на канцелариски и друг потрошен материјал;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
                           
Телефон:
3297271                                                            
е-мail:
 
Работно време:                     
08.30-16.30 часот          

Горе

 
Помошни работи
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 18 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за помошни работи:
  • го врши обезбедувањето на деловниот објект на Градот Скопје и лично обезбедување на градоначалникот на Градот Скопје;
  • врши превоз за потребите на градоначалникот и градската администрација;
  • ја одржува хигиената во деловниот објект на Градот Скопје;
  • врши угостителски работи за потребите на органите на Градот Скопје;
  • врши печатење и фотокопирање на материјали;
  • врши работи на ситни поправки и одржување во деловниот објект на Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделение за помошни работи:
Николче Златевски
Телефон:
3297 293
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот                                     

Горе

 

 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9373802