MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за финансиски прашања
 
 
I. СТРУКТУРА

 

II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно измените и дополнувањата на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачитe на администрацијата на Град Скопје, Секторот за финансиски прашања ги врши следните наклежности:
  • работите поврзани со подготвувањето и извршувањето на буџетот на Град Скопје:
  • управување следење и контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средства во Град Скопје:
  • водењето на сметководството на Градот Скопје:
  • врши работи од областа на финансиското управување и контрола ( планирање,извршување,мониторинг, и известување):
  • утврдување и наплатата на даноците, таксите и надоместоците што се приходи на Градот Скопје:
  • ја координира својата работа со работата на другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи врз основа на Законот за буџетите, Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, Законот за Градот Скопје, Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, и другите закони и прописи со кои се уредуваат изворите на приходи за Градот Скопје и општините во Градот Скопје, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското работење.
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за финансиски прашања:   
Крсте Андоновски   
Телефон:
3297 208
е-мail:
kandonovski@skopje.gov.mk                               
Работно време:
08.30-16.30 часот                                  
 
 

 

Помошник раководител на Секторот
за финансии за приходи:               
Андријана Манчевска   
Телефон:
3297 275                                                  
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот                                  
 

 

  
IV. СЕРВИСИ
 
       
 
  
  Одделение за буџетска координација
 
 
I.          НАДЛЕЖНОСТИ
  • го изготвува предлог буџетскиот календар во кој се утврдуваат роковите за планирање на буџетот на Град Скопје;
  • го координира процесот на изготвување на буџетот за наредната година, а го изготвува врз основа на добиени предлози од раководителите на сектори кои дирекно одговараат на Градоначалникот на Град Скопје;
  • ги координира добиените предлози од секторите по предлог буџетот за повеќегодишните проекции поврзани со буџетот и по предлог на градоначалникот го доставува до Советот на Град Скопје;
  • изготвува предлозите за прераспределба на средствата помеѓу буџетски позиции во текот на буџетската година;
  • подготвува и одобрува права за трошење со кои се врши распределба на буџетот помеѓу корисниците на буџетот на Градот Скопје;
  • го координира процесот за подготвување и изменување и дополнување на буџетот;
  • го координира процесот на развојот, воспоставувањето и спроведување на финансиското управување и контрола;
  • дава предлози за воспоставување/ укинување на ex ante финансиската контрола со вршење на проценка на ризикот и ажурирање на процедурите за работните процеси од областа на финансиското управување и контрола;
  • изготвува план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологија за спроведување на планот кој го одобрува градоначалникот;
  • спроведува примена на законската регулатива од областа буџетското работење ;
  • дава мислење на предлог актите што ги изготвуваат другите сектори во градот Скопје, кои имаат или можат да имаат финансиски импликации на буџетот;
  • подготовува извештај за реализација на, програми, проекти и склучените договори;
  • подготовка на извештај на активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола;
  • врши сампроценка на оделни процеси на ситемот на финансиското управување и контрола;
  • го подготвува Годишниот финансики извештај од член (47) од Законот за јавна внатешна финансиска контола;
  • врши планирање и управување со ликвидноста;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 

II. КОНТАКТ

 

 

Раководител на одделението за планирање на буџет: 
 Рина Петковска  
Телефон:
 3297 246
е-мail:
 rinap@skopje.gov.mk                               
Работно време:
 08.30-16.30 часот                                  

 

 
 
 

Одделение за буџетска контрола

 
 
I.         НАДЛЕЖНОСТИ
  • контрола на извршување на буџетот;
  • контрола на извршување на утврдените политики и оперативното управување ( надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола);
  • следење на реализација на договорите за јавни набавки и спроведува ex – ante и ex- post финансиска контрола (документирана контрола на комплетната финансиска документација и нејзината исправност- фактури, ситуации, приемници, испратници и други документи, и нивната усогласеност со договорите.
  • изготвување на информации и извештаи за извршување на буџетот;
  • следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти,прописи и упатстав) од областа на финансиското управување и контрола;
  • контрола на расположивоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврски;
  • изготвува предлог завршна сметка на буџетот на Град Скопје;
  • го подготвува годишниот извештај, чиј составен дел се завршна сметка, извештај за средствата, побарувањата, обврските и изворите на средства и нивната вредност, извештај за реализацијата на инвестиционите програми, наменските, капиталните и блок дотации и дотациите за делегирани надлежности и извештај од одговорниот сметководител со кој ја потврдува точноста и веродостојноста на годишната сметка;
  • го реализира извршувањето на буџетот на Град Скопје;
  • во законски утврдениот рок ги подготвува анализите и кварталните извештаи со образложение за извршување на буџетот на Град Скопје, што градоначалникот на Град Скопје ги доставува до Советот на Град Скопје и до Министерството за финансии;
  • води буџетско сметководство согласно со Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
  • управува со долгот и врши евиденција на побарувањата и обврските на Градот Скопје, како и следење и контрола на превземените обврски од страна на буџетските корисници во рамките на Буџетот на Град Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 
 
II. КОНТАКТ
Советник                                  
Марина Штарго                                                       
Телефон:                                           
3297 246
е-мail:                                                 
spirkovskamarina@skopje.gov.mk                       
Работно време:
08.30-16.30 часот                                  
 
 
 
Одделение за сметководство и плаќање
 
 
I.          НАДЛЕЖНОСТИ
·          води сметководствената евиденција согласно со Законот за сметководството за буџетите и буџетските корисници;
·          подготвува завршна сметка (биланс на состојба, биланс на приходи и расходи, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки /образложение кон финансиските извештаи;
·          заштита на средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојбата;
·          ex- ante сметководствена контрола на целокупната финансиска документација пред да се изврши плаќање согласно пишани процедури за сметководствените процеси;
·          обезбедува точност и комплетност на сметководствената евиденција;
·          сметководствено евидентирање на основните средства, евидентирање и наплата на побарувањето и евидентирање и плаќање на доспеаните обврски;
·          врши пресметување на амортизација и ревалоризација;
·          врши усогласување на средствата и изворите на средствата на     книговодствената состојба со вистинската состојба;
·          го спроведува прописот, благајничко работење и доставува налози за плаќање во трезор;
·          води евиденција и врши пресметка и исплата на плати и други надоместоци за вработените во градската администрација, избраните и именуваните лица во органите на Градот Скопје;
·          следење и примена на законската регулатива;
·          врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 
  
 
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за сметководство и плаќање 
 Снежана Митревска  
Телефон:
 3297 354
е-мail:
 mitrevskasnezana@skopje.gov.mk                               
Работно време:
 08.30-16.30 часот                                  
 
  
 
 Утврдување и наплата на данок на промет наследство и подарок
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
  • ги врши работите на утврдување и наплата на данок на промет, наследство и подарок кои се приход на Градот Скопје и општините во Градот Скопје;
  • ги регистрира во уписник даночните пријави за данок на промет, наследство и подарок ;
  • изготвува налози за пресметка на основица за данок на промет ;
  • изготвува решение за наплата на данокот на промет;
  • изготвува решение по поднесени жалби;
  • ги доставува поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ;
  • Контрола на донесено решение;
  • изготвува извештаи за поднесени даночни пријави на градот Скопје и општините на градот Скопје и ги доставува до надлежните институции;
  • ги следи и применува законските прописи;
  • дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
  • врши други работи кои ќе му бидат поверени:
 
 
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за данок на промет наследство и подарок
Ана Маневска
Телефон:
 3207 528
е-мail:
 Ana.Manevska@skopje.gov.mk                                  
Работно време:
 08.30-16.30 часот                                  
 
 
 
 
Утврдување и наплата на данок на имот
 
 I. НАДЛЕЖНОСТИ
  •  ги врши работите на утврдување и наплата на данок на имот на градот Скопје и општините во Градот Скопје;
  • ги регистрира во уписник даночните пријави за данок на имот;
  • изготвува налози за пресметка на основица за данок на имот;
  • изготвува на решение за наплата на данокот на имот;
  • изготвува решение по поднесени жалби;
  • ги доставува поднесените жалби до второстепена комисија при Министерството за финансии на РМ;
  • Контрола на донесено решение;
  • изготвува извештаи за поднесени даночни пријави на градот Скопје и општините на градот Скопје и ги доставува до надлежните институции;
  • го води регистарот на недвижен имот и регистарот на подвижен имот и редовно ја усогласува состојбата на регистарот на недвижен имот со регистарот кој го води Државниот завод за геодетски работи;
  • податоците од состојбата на регистрите на недвижен и подвижен имот во законски утврдениот рок ги доставува до Централниот регистар на РМ и до Управата за јавни приходи – Генерална дирекција;
  • врши ажурирање на базата на податоци за присилна наплата;
  • ги следи и применува законските прописи;
  • дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
  • врши други работи кои ќе му бидат поверени:
 
  II. КОНТАКТ
 
Раководител на одделение за утврдување
и наплатана данок имот :                                            
Анита Наков                    
Телефон:
3207 528
е-мail:
Anita.Nakov@skopje.gov.mk                                       
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
 
 
Утврдување и наплата на такси и други надоместоци
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
 
  • ги врши работите на утврдување и наплата на таксите и други надоместоците кои се приходи на Градот Скопје;
  • ги врши работите на утврдување и наплата на таксите и други надоместоците кои се приходи на општините во градот Скопје, што општините од Градот Скопје му ги довериле на Градот Скопје;
  • врши месечна распределба на, таксите и други надоместоците кои се наплатени од даночната адмнистрација на Градот Скопје, а се приход на општините во Градот Скопје, согласно со критериуми утврдени со законски прописи;
  • ги подготвува месечни и кварталните извештаи што Градот Скопје ги доставува до општините во Градот за наплатата и распределувањето на приходите;
  • води регистар за комуналлни такси и други надоместоци и други регистри потребни за утврдување и наплата на комуналните такси и други такси;
  • ја води жалбената постапка на комунални такси;
  • врши ажурирање на базата на податоци за присилна наплата на, такси и други надоместоци;
  • ги следи и применува законските прописи;
  • дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 
 II. КОНТАКТ
 
Раководител на одделение за утврдување и
наплатанакомунални такси и други надоместоци :                                            
Викторија Симионска                    
Телефон:                                                                
 3207 528
е-мail:                                                                            
                                      
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
 
 
 
 
Контакт лице:                                          
 Валентина Јовановска                             
Телефон:
 3297 314
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот
 
 
 
 Одделение за присилна наплата
 
  • ги врши работите за наплата на: данок на промет; данок на имот; комунални такси и други надоместоци кои се приходи на Градот Скопје и општините на градот;
  • изготвувањ Опомени за неплатен на неплатен долг за даноците и таксите;
  • изготвува Решенија за присилна наплата за даноците, таксите и другите надоместоци;
  • врши контрола на изготвените Опомени и Решенија за присилна наплата;
  •  подготвува месечни и кварталните извештаи за платен долг од присилна наплата;
  • подготвува месечни и кварталните извештаи за неплатен долг од присилна наплата;
  • ја води жалбената постапка за присилна наплата;
  • ги следи и применува законските прописи;
  • дава мислење за измена и дополнување на законските прописи и интерните акти;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 
 
 
 
 
 
                                      
Работно време:
 
 
 
Контакт лице:                                          
 Александар Георгиевски                            
Телефон:
 3207 543
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот
 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9820698