MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за правни работи

 

Сектор: Правни работи
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005, 15/07 и 6/08) Секторот за правни работи:
  • ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа;
  • ги подготвува прописите и актите од надлежност на Советот и градоначалникот на Градот Скопје;
  • дава мислење за усогласеноста на прописите и актите со законите и другите прописи;
  • го застапува Градот Скопје во судските спорови пред надлежните судови и пред други надлежни органи;
  • ја спроведува постапката за експропријација на недвижен имот заради реализација на работи од јавен интерес;
  • ги подготвува и организира седниците на Советот на Град Скопје и на неговите комисии и седниците на Координативното тело на градоначалници;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
 
Раководител на Сектор за правни работи:
 Бранко Трајчевски                                        
Телефон:
 3297 260, 3297 259
е-мail:
Работно време:                                                            
 08.30-16.30 часот              

 

Помошник раководител на секторот за правни  работи:   
 Антони Малинов                                                     
Телефон:
 3297 395                                         
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на секторот за правни  работи:                                                 
 Цветанка Соколова - Младеновска                                                       
Телефон:
 3297 398                                         
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на секторот за правни  работи:                              
Оливер Лазоски                                                               
Телефон:
 3297 398
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот

 
 
 
 
 Норматива
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за норматива:
  • изготвува предлози на статут, деловник за работа на Советот на Град Скопје, деловник за работа на Координативното тело на градоначалници и предлози за нивни измени и дополнувања;
  • изготвува одлуки и други општи акти во областите што не се во надлежност на другите сектори;
  • учествува во изготвувањето на одлуките и општите акти од надлежност на другите сектори и задолжително дава мислење за усогласеноста на општите акти, договорите и поединечните акти што тие ги изготвуваат со законите и другите прописи;
  • дава мислења на органите на Градот Скопје и секторите во рамки на градската администрација во врска со примената на законите и другите прописи;
  • ја следи усогласеноста на одлуките и другите општи акти на Градот Скопје со законите и другите прописи и предлага соодветни активности за нивно усогласување;
  • ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на oдделение за норматива:             
 Воислав Николиќ                                      
Телефон:
 3297 336
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот

 Горе

 
 
Правна заштита
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за правна заштита:
  • го застапува Градот Скопје во правните работи и спорови пред надлежните судови и други органи во РМ;
  • води регистар на судски и други предмети пред надлежните судови и други органи во РМ;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.

Горе

 
 
 
 
Недвижен имот и постапка за екпропријација на недвижности
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности:
  • води евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје;
  • во соработка со другите сектори во рамки на градската администрација, подготвува среднорочен и долгорочен план за управување со недвижниот имот на Град Скопје;
  • предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на Градот Скопје;
  • ги подготвува одлуките на Советот на Град Скопје и договорите за издавање под закуп, продажба и купување на имот на Градот Скопје;
  • врз основа на предлозите изготвени од другите сектори, учествува во преговорите и ја спроведува постапката за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 

Горе

 
 
 
 
Поддршка на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 8 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за поддршка на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници:
  • ги подготвува и организира седниците на Советот на Градот Скопје;
  • ги подготвува и организира седниците на комисиите на Советот на Градот Скопје;
  • ја подготвува предлог програмата за работа на Советот и на комисиите на Советот и ја следи нивната реализација;
  • изготвува текстови на одлуки, заклучоци и други акти од надлежност на Советот и комисиите на Советот;
  • врши номо-техничко обликување на прописите донесени од Советот;
  • ги води записниците од седниците на Советот и извештаите и записниците од седниците на комисиите на Советот;
  • води стенографски белешки од седниците на Советот, а по потреба и од седниците на комисиите на Советот;
  • изготвува прегледи на акти донесени на седниците на Советот и на неговите комисии;
  • дава стручни мислења во врска со работата на Советот и комисиите;
  • води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на Советот и на комисиите;
  • се грижи за објавувањето на прописите во „Службен гласник на Град Скопје;
  • ги подготвува и организира седниците на Координативното тело на градоначалници;
  • ги подготвува и организира седниците на управниот одбор на Фондот на наградата “13 Ноември“ на Град Скопје и на помошните тела на Управниот одбор;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за поддршка на
Советот на Град Скопје:
 
 Сузана Џамбаска - Тоцили                 
Телефон:                                                             
 3297 242                                          
е-мail:
Работно време:
 08.30-16.30 часот
 
 

 


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9540883