MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за локален економски развој

 

 

Сектор: Локален економски развој
 
I. СТРУКТУРА
II. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Секторот за локален економски развој:
  • ги врши работите на планирање на локалниот економски развој;
  • предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје;
  • предлага мерки и активности за водење на локалната економска политика и развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото;
  • се грижи за развојот и исполнувањето на законските обврски од надлежност на Градот Скопје во сферата на занаетчиството, угостителството, туризмот и трговијата;
  • предлага мерки за развој и поттикнување алтернативен и културен туризам;
  • предлага мерки за подобрување на условите за престој на туристите во Градот Скопје и туристичко пропагандно информирање;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
Раководител на Секторот за локален
економски развој:
 
 
Слободан Ќосев                                     
Телефон:
3297 272, 3297 227
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Помошник раководител на Секторот
за локален економски развој:                                
 
 
Идриз Ковачи                                                       
Телефон:       
3297 233
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
 

 

IV. СЕРВИСИ

 

 

Горе  

 
 
Планирање на локалниот економски развој
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за планирање на локалниот економски развој:
  • го планира локалниот економски развој на Градот Скопје и подготвува стратегија за локален економски развој на Градот Скопје;
  • во соработка со другите сектори во рамки на градската администрација, предлага развојни и структурни приоритети на ниво на Градот Скопје;
  • предлага мерки и активности за водење на локална економска политика на ниво на Градот Скопје и особено дава стручно мислење за предлог одлуките со кои се утврдува висината на комуналните такси, висината на локалните даноци, за предлог програмите за изградба и одржување на комуналната и социјалната инфраструктура и другите прописи што имаат влијание врз локалниот економски развој;
  • подготвува стратегија за поддршка на развојот на малите и средни претпријатија и претприемништвото;
  • предлага активности и иницијативи за соработка со претставниците на деловниот сектор и нивните здруженија на ниво на Градот Скопје во креирањето на стратешките и развојните документи за локалниот економски развој;
  • предлага иницијативи за градење на јавно-приватни партнерства;
  • во соработка со надлежниот сектор во рамки на градската администрација, иницира проекти што ќе се предложат за поддршка од меѓународни, странски и домашни донатори и субјекти и го организира учеството на Градот Скопје на конкурси за проекти на домашни и странски субјекти во областа од надлежност на одделението;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за планирање 
на локалниот економски развој:
 
 
Маргарита Ковачевска                                 
Телефон:                                                             
3297 328    
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

Горе

Занаетчиство, угостителство и трговија
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
 
Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за занаетчиство, угостителство и трговија:
  • предлага мерки и активности за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата на подрачјето на Градот Скопје;
  • подготвува стратегија за негување и развој на старите занаети;
  • ги подготвува прописите за определување на работното време на занаетчиските дејности и за определување на местата за продажба на занаетчиските производи;
  • води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат угостителска дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на Градот Скопје, како и за пријавувањето на угостителите што започнуваат со работа на нивно подрачје;
  • ги изготвува одобренијата за вршење угостителска дејност надвор од деловниот објект, на простор наменет, уреден и опремен за давање угостителски услуги (тераси и летни бавчи);
  • ја изготвува предлог одлуката за утврдување на надоместок за давање услуги за угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор;
  • ја изготвува предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти;
  • ги подготвува прописите и актите со кои се утврдува земјиштето чија намена е кампирање и земјиштето што е привремено определно за кампирање, се утврдуваат местата за вршење конфекционирани угостителски услуги од физички лица, категоризацијата на објекти за издавање од страна на физички лица и други прописи и акти од надлежности на Советот и градоначалникот на Градот Скопје во согласност со закон;
  • го подготвува предлогот на прописот за утврдување на работното време на зелените пазари за трговија на големо и мало;
  • го подготвува предлогот на прописот за утврдување на стоки што може да се продаваат на посебно организирани делови на зелените пазари;
  • го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија во киосци, автомати и продажба од подвижни улични продавачи;
  • го подготвува предлогот на прописот за определување на местата на кои може да се врши трговија на мало и давање услуги во трговијата пред продавниците, односно деловни простори со одобрение и одобренијата што ги донесува градоначалникот на Градот Скопје;
  • води евиденција на пријавите од трговците за исполнување на минимално-техничките услови за деловните простории и простории во кои се врши трговија и за започнување со работа на продажниот или друг деловен објект на трговецот;
  • води евиденција за работното време на продавниците, магацините, складовите, бензинските станици и деловните простори на подрачјето на Градот Скопје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 

Горе

 
 
Туризам
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за туризам:
  • предлага стратегија за развој на туризмот во Градот Скопје;
  • предлага мерки и дава иницијативи за проекти и активности за развој и поттикнување на алтернативниот и културен туризам;
  • предлага годишна програма за општо туристичко пропагандно информирање и подобрување на условите за престој на туристите во Градот Скопје и ја обезбедува нејзината реализација;
  • води евиденција за извршениот упис на физички лица кои вршат туристичка дејност од помал обем во регистарот што го водат општините на подрачјето на Градот Скопје, како и за пријавувањето на вршителите на туристичка дејност што започнуваат со работа на нивно подрачје;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделение за туризам:                   
Димче Смилев                                                     
Телефон:                                                                          
3297 372
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот

 

 Eнергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

I.Надлежности:

Согласно Член 9 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр.3/2010, Одделението за Eнергетика, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија:

  • ги следи и анализира состојбите во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија од надлежност на Градот предлага мерки и активности за нивно унапредување;
  • ги следи меѓународните искуства во областа на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија и предлага мерки и иницијативи за нивна примена, односно адаптација на условите во Градот Скопје;
  • одговорно е за организирањето на сите надлежности на Град Скопје во однос на Законот за енергетика;
  • иницира идеи и дава предлози за конкретни проекти и активности од областа на енергетиката во надлежност на Градот;
  • учествува или раководи со проектни тимови;
  • организира, координира и учествува или непосредно изготвува предлог одлуки и други прописи, програми, анализи, информации и други акти;
  • врши оцена на потребите за обуки и предлага насоки за стручно усовршување на вработените во одделението;
  • ја следи и активно учествува во изготвувањето на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • ги дефинира плановите за реализација на долгорочната стратегија за развој на енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • изготвува тези за изработка и учествува во изготвување одлуки и други прописи поврзани со енергетиката, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија;
  • активно го следи и координира изготвувањето на потребната инвестиционо – техничка документација за реализација на работите од својот делокруг и врши техничко-финансиски надзор со потребни испитувања и обезбедува технички прием на извршените работи;
  • учествува во апликациите на Градот за учество на конкурси од странски субјекти од областа на делокругот од своето работење;
  • изготвува стручно-аналитички и други материјали за комисиите на Советот на Град Скопје.

 

                                                                                                                     

 


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9226192