MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за планирање и уредување на просторот

Сектор: Планирање и уредување на просторот
  
 
I. СТРУКТУРА

II. НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Член 10 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/5 и 15/7) Секторот за планирање и уредување на просторот:
  • ги врши работите поврзани со организирање и спроведување на постапката за донесување на Просторниот план на Градот Скопје, Генералниот урбанистички план на Градот Скопје и постапката за донесување на деталните урбанистички планови на општините во Градот Скопје;
  • уредување на градежното земјиште;
  • утврдување стандарди и давање согласност за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје;
  • реализација на програмите за изградба на инфраструктурни и капитални објекти;
  • ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
III. КОНТАКТ
 
Помошник раководител на Секторот за планирање и
уредување на просторот:
Аљоша Шопар
Телефон:
3297 225, 3297 282                                   
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
  Одделение за просторно и урбанистичко планирање
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
 Согласно Член 10 од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005) Одделението за просторно и урбанистичко планирање:
  • изготвува предлог просторен план на Град Скопје;
  • изготвува предлог Генерален урбанистички план на Град Скопје;
  • дава стручно мислење за иницијативите за донесување измена и дополнување на просторниот план на Градот Скопје и генералниот урбанистички план на Градот Скопје, доставени од општините во Градот Скопје;
  • стручно ги обработува мислењата по нацртите на просторниот план на Градот Скопје и генералниот урбанистички план на Градот Скопје;
  • ги подготвува мислењата за предлог деталните урбанистички планови, урбанистички проекти и урбанистички планови за населените места што ги донесуваат општините во Градот Скопје;
  • го изготвува годишниот извештај за состојбите и промените во просторот што се доставува до надлежното министерство;
  • дава предлог за утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје и ги подготвува согласностите за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје;
  • изготвува нацрти и предлози на акти, стручно-аналитички, информативни и други материјали од областа на урбанизмот и просторното планирање;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Одделението за просторно и урбанистичко планирање:
Снежана Митовска
Телефон:
3297 247 3297 269               
е-мail:
Snezana.Kareva@skopje.gov.mk                  
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
 
 
Одделение за изградба на инфраструктурни објекти
 
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
 
Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)
Одделението за изградба на инфраструктурни објекти:
  • ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите
  • учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежното земјиште
  • ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежното земјиште
  • ги реализира сите градежни објекти од Програмата и Буџетот за тековната година и подготвува градежна и финансиска документација за објекти од областа на нискоградба и друга слична инфраструктура
  • учествува во подготовка на проектни задачи
  • припрема на јавни набавки  за изградба на ифраструктурни објекти
  • ја следи јавната набавка и учествува во изборот на изведувач
  • пја следи целокупната градба на инфраструктурни објекти при што подготвува соодветна техничка документација, градежни книги и технички прием
  • пучествува во подготовка на Програмата и Буџетот за работа на секторот во тековната година
  • изготвува извештаи за програмата и Буџетот за изминатата година
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени
II. КОНТАКТ
Одделение за изградба на инфраструктурни објекти:
Васе Мишковски
Телефон:
3297 268, 3297 287               
е-мail:
Vase.Miskovski@skopje.gov.mk                  
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
Одделение за комерцијални (капитални) објекти
 

Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)

Одделението за комерцијални (капитални) објекти:

  •  ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите
  • учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежното земјиште

  • ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште

  • ги реализира сите градежни објекти од Програмата и Буџетот за тековната година и подготвува градежна и финансиска документација за објекти од областа за реализација и изведба на комерцијални (капитални) објекти

  • учествува во подготовка на проектни задачи

  • припрема на јавни набавки за изградба на комерцијални (капитални) објекти

  • ја следи јавната набавка и учествува во изборот на изведувач

  • ја следи целокупната градба на комерцијални (капитални) објекти при што подготвува соодветна техничка документација, градежни книги и технички прием

  • учествува во подготовка на Програмата и Буџетот за работа на секторот во тековната година

  • изготвува извештаи за програмата и Буџетот за изминатата година

  • врши и други работи што ќе му бидат доверени

 

II. КОНТАКТ

Одделение за комерцијални (капитални) објекти:
Владимир Петровски
Телефон:
3297 268, 3297 287               
е-мail:
Vladimir.Petrovski@skopje.gov.mk                  
Работно време:
08.30-16.30 часот

 
 
 Одделение за уредување на градежно земјиште
 
I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)
Одделението за Утврдување на градежно земјиште:
 
  • ги следи и анализира состојбите во областа на уредувањето на градежното земјиште и предлага иницијативи за подобрување на тие состојби и решавање на проблемите;
  • учествува во подготовка на предлог годишна програма за уредување на градежно земјиште;
  • ја обезбедува реализацијата на годишната програма за уредување на градежно земјиште;  
  • ги спроведува програмите подготвени од другите сектори во рамки на градската администрација во делот на изградбата на инфраструктурни и капитални објект;
  • врши пресметка на надоместок за уредување на градежно земјиште;
  • предлага утврдување зони на градежно земјиште;   
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени
 
II. КОНТАКТ
Одделение за утврдување на градежно земјиште:
Владо Баџаков
Телефон:
3297-377                                
е-мail:
vladobad@skopje.gov.mk                            
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
 
 
 
Одделение за подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности
 
 
 I. НАДЛЕЖНОСТИ
Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)
Одделението за Подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности:
 
  • Води евиденција на недвижниот имот и имотните права и интереси на Градот Скопје
  • подготвува среднорочен и долгорочен план за управување со недвижниот имот на Град Скопје
  • предлага мерки за заштита на недвижниот имот и заштита на имотните права и интереси на Град Скопје
  • ги потготвува одлуките на Советот на Град Скопје и договорите за издавање под закуп, продажба и купување на имот на Град Скопје
  • учествува во преговорите и ја спроведува постапката за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес
 
II. КОНТАКТ
Одделение за подготвителни работи, недвижен имот и постапка за експропријација на недвижности:
Снежана Сотировска
Телефон:
3297-387                               
е-мail:                                      
                       
Работно време:
08.30-16.30 часот
 
 
Одделение за техничка документација
 
 I. НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)


Одделението за техничка документација:

  • барање на одобрение за градба, за високоградба и нискоградба;

  • припрема и подготовка на документација за физибилити студии;

  • припрема и подготовка за конкурсни идејни решенија;

  • припрема и подготовка на документација за донации, инвестициони фондови, грантови и барања до банки;

  • припрема на проектни задачи

  • предлага јавни набавки за изготвување на проекти студии и елаборати

  • контактира со проектанските фирми и ја следи нивната работа

  • ги поднесува проектите на стручни ревизии

  • изготвените проекти ги доставува до соодветните одделенија

  • ја чува и евидентира целокупната документација на секторот

II. КОНТАКТ

Одделението за просторно и урбанистичко планирање:
Димитар Гучев
Телефон:
3297 389               
е-мail:
DimigarG@skopje.gov.mk                  
Работно време:
08.30-16.30 часот

 
 


Одделение за имотно правни работи

 

I. НАДЛЕЖНОСТИ

Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)


Одделението за имотно правни работи:

  • врши проценки и подготвителни работи за изготвување предлози за експропријација и подготвува предлози за експропријација на недвижности заради реализација на работи од јавен интерес

  • врши одземање на кориснички права

  • остварува соработка со соодветните служби и подрачните единици за имотно правни работи на Министерството за финансии

  • ги поднесува проектите на стручни ревизии

  • изготвените спогодби ги доставува до одделението за припрема

  • ја чува и евидентира целокупната документација на секторот

II. КОНТАКТ

 

Одделение за просторно и урбанистичко планирање:
Весна Атанасова
Телефон:
3297 368               
е-мail:
Vesna.Atanasova@skopje.gov.mk                  
Работно време:
08.30-16.30 часот

 
 


Одделение за урбана опрема

 

I. НАДЛЕЖНОСТИ

 

Согласно Член 10 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005 и 15/07)

Одделението за урбана опрема:

  • дава предлог за утврдување на стандарди за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје и ги подготвува согласностите за поставување времени објекти, мебел и урбана опрема на подрачјето на Градот Скопје;

  • ги контролира и одобрува елаборатите за поставување на времени објекти и урбана опрема

  • контактира со финансии за контрола на уплатените такси

  • изготвува решенија за користење на времени објекти и урбана опрема

  • изготвените решенија ги процесуира до Градоначалникот на одобрување

  • врши консултации со општините во градот за изготвување на Годишна програма за времени објекти и урбана опрема


II. КОНТАКТ

Одговорно лице:
Биљана Наковска
Валентина Ангелова
Телефон:
3297 209
е-мail:
Работно време:
08.30-16.30 часот
   

 
 
 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9540873