MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Сектор за образование
I. Структура:
 
 
II. Надлежности:
 
Согласно со Член 13а од Одлуката за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на администрацијата на Град Скопје (“Службен гласник на Град Скопје“ бр. 12/2005, 15/07, 06/08 и 19/08) Секторот за образование:
 
  • ги следи работите во средното образование во градот; врши анализа на состојбите и дава иницијативи и предлага мерки и активности за нивно унапредување и решавање на проблемите; врши работи поврзани со основањето на јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни; врши работи поврзани со планирањето на финансирањето и учеството на претставниците на Градот Скопје во органите на управување во јавните средни училишта, ученичките домови и установи за образование за возрасни; ги следи состојбите и дава предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје; предлага мерки и активности за подигање на нивото на ученичкиот стандард; дава информации и податоци во врска со активностите на Градот Скопје во сферата на средното образование; ја координира својата работа со другите сектори во рамки на градската администрација и врши други работи што ќе му бидат доверени.
 
 
III. Контакт
Раководител на Секторот за образование:   
Даниела Адамова   
Телефон:
3207 533, 3297 317
е-мail:
danielaz@skopje.gov.mk                               
Работно време:
08.30-16.30 часот                                  
 
 
 
 
Одделение за образование
 
I. Надлежности:
 
-       изготвува анализи, информации и извештаи за работите и состојбите во средното образование во градот Скопје;
-       подготвува предлог за усвојување на годишната програма за работа и извештајот за реализација на годишната програма на јавните средни училишта и на ученичките домови;
-       прибира податоци и прави анализи на предлозите на училиштата за запишување ученици во прва година средно образование;
-       подготвува предлог за запишување ученици во јавните средни училишта и за запишување и прием на ученици во ученичките домови;
-       изготвува извештаи за реализација на уписната политика;
-       подготвува предлог за формирање паралелки со помал број ученици во јавните средни училишта;
-       устројува евиденција за опфатот на децата во средното образование и предлага мерки за подобрување на состојбите;
-       ги следи состојбите за опфатот на децата со посебни потреби во системот на средното образование;
-       подготвува предлог за прекин на воспитно образовната работа во вонредни состојби;
-       изготвување предлози за организација на училишната мрежа на Градот Скопје;
-       покренува иницијативи за изменување и дополнување на наставните планови и програми во постојните јавни средни училишта за задоволување на посебните потреби на Градот во согласност со потребите на пазарот на трудот;
-       иницира активности за воннаставни активности во јавните средни училишта;
-    води регистар на средните училишта и на ученичките домови
     на    подрачјето на Градот Скопје;
-    дава стручно мислење по предлозите за основање јавни средни
     училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
-       работи на давање согласности за нови вработувања на наставен и ненаставен кадар во јавните средни училишта;
-       подготвува предлог за покренување постапка за престанување со работа на јавни средни училишта, ученички домови и установи за образование за возрасни;
-       предлага мерки и активности за поддршка и помош на иницијативите за модернизација на училиштата и на ученичките домови;
-       предлага мерки и активности за подобрување на функционалните аспекти на училишните згради и нивото на опременост на јавните средни училишта;
-       презема активности поврзани до доквалификација и преквалифика- ција на возрасни лица;
-       врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 
 
II.Контакт
 
Раководител на одделение за образование:   
Борко Зафировски   
Телефон:
3297 522
е-мail:
bzafirovski@gmail.com                               
Работно време:
08.30-16.30 часот                                  
 
 
Одделението за поддршка:
 
-       врши работи поврзани со ученичкиот стандард (обезбедување на сместување, исхрана, стипендии и други потреби на учениците во ученичките домови);
-       ги следи кадровските, просторните и инфраструктурните состојби на објектите на јавните средни училишта;
-       устројува и води база на податоци за кадровската структура на јавните средни училишта во функција на реализација на месечните трансфери на средства до училиштата за исплата на плати и надоместоците на плати;
-       ги следи состојбите поврзани со финансиските средства за покривање на реалните трошоци и подготвува предлози за распределба на средствата од дотации за тековно одржување на јавните средни училишта на подрачјето на Град Скопје;
-       го подготвува предлогот за усвојување на годишниот финансиски план и предлогот за усвојување на годишните сметки на јавните средни училишта и на ученичките домови;
-       спроведува активности за целосно следење на реализацијата на училишните буџети;
-       врши работи на пресметка на вкупните трошоци по ученик и по вработен сумарно и за секое училиште одделно (поврзани со висината на цената на образовните услуги);
-       устројува и води база на податоци за состојбата на училишните објекти и нивната опременост;
-       предлага мерки и активности за рационализација на трошоците за тековно одржување на училиштата;
-       врши работи на обезбедување средства за инвестициони зафати во јавните средни училишта и ученичките домови;
-       води постапки за основање, односно престанување со работа на јавни средни училишта и на ученичките домови;
-       го следи спроведувањето на постапките по огласите за избор на директори на јавните средни училишта и на ученичките домови;
-       врши и други работи кои произлегуваат од годишните програми за активностите на Градот Скопје од областа на образованието;
-       врши и други работи што ќе му бидат доверени.
 

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9226173