MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Одделение за управување на човечки ресурси
I. НАДЛЕЖНОСТИ
  • ги води персоналните досиеја за сите вработени во градската администрација;
  • ги подготвува одлуката за организација, делокруг и начин на извршување на работите на градската администрација и правилникот за систематизација на работните места во градската администрација;
  • соработува, ја реализира комуникацијата и го координира спроведувањето на обврските на Градот Скопје како работодавец во постапките за вработување државни службеници во градската администрација со Агенцијата за државни службеници;
  • ги подготвува актите и решенијата за вработување државни службеници во градската администрација;
  • ги подготвува решенијата за државните службеници поврзани со распоредување, плати, годишни одмори и други отсуства, престанок на работниот однос и со други права на државните службеници согласно со Законот за државните службеници;
  • ја координира и дава упатства за спроведувањето на постапката за оценување на државните службеници во градската администрација;
  • дава совети и упатства за спроведување на одредбите од Законот за државни службеници во однос на управувањето со човечките ресурси и остварувањето на правата и должностите на државните службеници;
  • води евиденција за реализираната обука на државните службеници и другите вработени без статус на државни службеници во градската администрација;
  • подготвува предлог годишна програма за обука на државните службеници и предлог годишна програма за обука на вработените без статус на државни службеници во градската администрација;
  • ги доставува ДС обрасците до Централниот регистар на државни службеници што го води Агенцијата за државни службеници;
  • соработува со Агенцијата за државни службеници во однос на сите прашања поврзани со реализација на одредбите од Законот за државни службеници;
  • ги објавува огласите за вработување на лица без статус на државни службеници во градската администрација и го координира спроведувањето на постапката за вработување на овие лица;
  • ги подготвува решенијата поврзани со распоредување, плати, годишни одмори и други отсуства, престанок на работниот однос и со други права на вработените без статус на државни службеници, согласно со општите прописи за работни односи;
  • го врши пријавувањето на вработените заради социјално и здравствено осигурување;
  • дава предлози за унапредување, модернизирање и зголемување на ефикасноста на организацијата на градската администрација и начинот на извршување на задачите;
  • врши и други работи што ќе му бидат доверени.
II. КОНТАКТ
Раководител на одделението за управување со човечки ресурси:   
Валентина Ѓоргиевска   
Телефон:
3297 293
е-мail:
Valentina.Gorgievska@skopje.gov.mk                               
Работно време:
08.30-16.30 часот     

| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9670908