MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
ЛЕСС - Факти

 

ЛЕСС на Град Скопје важен за развој на Град Скопје и подобрување на квалитетот на животот  на граѓаните на Град Скopje

Со цел воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво и покренување на заеднички иницијативи е формиран Локален економско социјален совет (ЛЕСС) на Град Скопје.ЛЕСС на Град Скопје започна со работа по потпишување на спогодба за основање во декември 2013 година, како заедничко советодавно и консултативно тело на Град Скопје, основано од Град Скопје, Организација на работодавачи на Македонија, Сојуз на синдикати на Македонија и Конфедерација на слободни синдикати на Македонија.

ЛЕСС на Град Скопје е отворен за соработка и со други субјекти и во својата работа ги вклучува при разгледување на одредени прашања од областа за која се формирани( претставници од Волонтерски центар, Занаетчиска Комора Скопје, Здружение на граѓани МАТА, Здружение ХЕРА, СУ Георги Димитров, Здравко Цветковски и Васил Антевски Дрен, Биро за развој на образование, како и претставници од Здружение на лица со телесен инвалидитет на Скопје-Мобилност и Здружение на студенти и младинци со хендикеп, кои дадоа голем придонес во работата на ЛЕСС на Град Скопје).

ЛЕСС на Град Скопје ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во Град Скопје и дава свои мислења и предлози до Советот на Град Скопје за одредени прашања од економско-социјалната сфера особено прашањето за вработувањето на младите и зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем.

Приоритетни области на работење на ЛЕСС на Град Скопје произлегуваат од функцијата и улогата на ЛЕСС согласно документите за негово формирање и се насочени кон воспоставување на економско социјален дијалог преку кој партнерите во ЛЕСС можат да ги реализираат своите индивидуални цели и програми. Во согласност со тоа, приоритетните области на ЛЕСС на Град Скопје се следните:економија,социјална заштита и-образование.

Стратешкиот план на ЛЕСС на Град Скопје е усвоен на 25.09.2014 година , на седница на Совет на Град Скопје и е поддржан од проектот Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС), имплементиран од Центарот за развој на образование (ЕДЦ)  и финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).Во планот беа земени во предвид социјалните и економските аспекти кои се од интерес за локалното население и градот, како и сите други релевантни информации поврзани со областите на делување на советот. Во подготовката на планот во кој јасно се дефинирани визијата, мисијата и стратешките цели на ЛЕСС на Град Скопје, беа вклучени сите членови на ЛЕСС на Град Скопје, кои од свој аспект дадоа придонес за развивање на сеопфатен и корисен стратешки  документ кој ги отсликува потребите и предлозите на засегнатите страни.

Имплементацијата на Стратешкиот план на ЛЕСС ќе придонесе за подобрување на состојбите и прашањата што се однесуваат на економско-социјалната положба на работниците и работодавците, а со тоа ќе се подобри квалитетот на животот на граѓаните на Град Скопје.

Динамиката и обемот на реализација на Стратешкиот план е дефинирана во Акциски план на ЛЕСС на Град Скопје за период од 2014-2017 година, кој е составен дел на стратешкиот план.

            Во Град Скопје на 10-ти февруари 2014 година, е одржана конститутивна седница на Локалниот Економско – социјален совет.

 Во рамки на досегашното работење на ЛЕСС Скопје одржани се  седници, реализирани обуки и работилници поддржани и фасилитирани преку Проектот на УСАИД-“Мрежа ЈЕС”  од областа на изработка на проекти според моделот на ЕУ, обука за напредни ИТ вештини за млади невработени лица во компании кои имаат потреба од таков кадар, јакнење на капацитетите, стратешко планирање, основни принципи на тимска работа, лидерство и одлучување, разрешување конфликти, размена на искуства на вакви совети формирани во други општини во РМ,и во регионот, презентација на резултати од евалуација на проектот Мрежа ЈЕС. Во тек се реализација на активности предвидени во Стратешкиот план на ЛЕСС на Град Скопје, како што се поддршка на програма за претприемништво, изработка на Водич за инвеститори, кој произлезе како еден од приоритетите на  Стратешкиот план за работа на ЛЕСС Скопје, кој истовремено се поклопува и со потребата на Град Скопје за нов надграден Водич,изработка и одржување на веб портал и фејсбук профил на ЛЕСС Скопје, анализа на пазар на труд, обука за ментори во компаниите за практична настава на учениците за потребите на средните училиша, како и други активности поврзани со следење на состојбите поврзани со животниот стандард, развивање и унапредување на колективното договарањеи мирно решавање на работните спорови и подобрување на работните услови и заштита на работа и други прашања. 

Во рамки на активностите на ЛЕСС на Град Скопје беше одржана и трибина на тема “Менторирање на ученици во компании-потреби и придобивки” на која беше ставен акцент на прашањето како да се подобри квалитетот на практичната настава изведена во компаниите од менторите-вработени во компаниите, како и од самите наставници и ученици.

Успешната реализација на иницијативите на ЛЕСС на Град Скопје ќе придонесе за јакнење на капацитетите на ЛЕСС Скопје , ќе влијае на неговата препознатливост , а тоа пак на иницирање на нови програми и проекти значајни за заедницата, што би поттикнале отворање на нови работни места и зголемување на вработувањето на млади невработени лица.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9095653