MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Поддршка на Советот на Град Скопје

ги следи законите и другите прописи од областа на локалната самоуправа, ги подготвува прописите и актите од надлежност на Советот на Градот Скопје, ги подготвува и организира седниците на Советот на Град Скопје, комисиите на Советот на Град Скопје и Координативното тело на градоначалници, го подготвува и дистрибуира материјалот за седниците до советниците,  дава стручно мислење за одлуките и другите акти во надлежност на Советот на Град Скопје и неговите комисии, се грижи за објавувањето на прописите во „Службен гласник на Град Скопје”, ја координира својата работа со другите сектори во рамки на администрацијата на Градот Скопје.

 

14.1. Одделение за организација на седници на Советот на Град Скопје:

 

-       ги подготвува и организира седниците на Советот на Градот Скопје;

-       ја подготвува предлог програмата за работа на Советот и ја следи реализацијата;

-       изготвува текстови на одлуки, заклучоци и други акти од надлежност на Советот;

-       врши номо-техничко обликување на актите донесени од Советот;

-       ги води записниците од седниците на Советот;

-       води стенографски белешки од седниците на Советот;

-       изготвува прегледи на акти донесени на седниците на Советот;

-       дава стручни мислења во врска со работата на Советот;

-       води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на Советот;

-       се грижи за објавувањето на актите во „Службен гласник на Град Скопје“.

 

14.2. Одделение за поддршка на комисиите на Советот на Град Скопје

         и Координативното тело на градоначалници: 

 

-       ги подготвува и организира седниците на комисиите на Советот на Градот Скопје;

-       изготвува текстови на акти од надлежност на комисиите на Советот;

-       ги подготвува и организира седниците на Координативното тело на градоначалници;

-       ги води извештаите и записниците од седниците на комисиите на Советот;

-       изготвува прегледи на акти од седниците на комисиите на Советот;

-       дава стручни мислења во врска со работата на комисиите;

води евиденција за присуството на членовите на Советот на седниците на комисиите.


| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 11974744