MK | EN | SQ

www.skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Времето во Скопје
Прогноза
Активности и надлежности

Во рамки на своите активности и надлежности Советот за заштита на потрошувачи разгледува прашања и утвдрува предлози кои што се однесуваат на правата и потребите на потрошувачите на територијата на Град Скопје:

  • квалитетот на услугите на јавните служби на Град Скопје, а особено, ја следи состојбата на давањето услуги од јавните служби,
  • се грижи за решавање на проблемите што граѓаните ги имаат при коритење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги,
  • се грижи за унапредување на односот на вработените кај давателите на услуги спрема корисниците на услуги,
  • организира јавни трибини и други форми на учество на граѓаните на кои расправа за унапредување на заштитата на потрошувачите,
  • прашања поврзани со остварување на правата на потрошувачите во делот на користење на услуги и производи од правни субјекти на територијата на Град Скопје,
  • соработка со Совет за заштита на потрошувачите при Влада на Република Македонија и
  • соработка со Организација на потрошувачите на Македонија-ОПМ.

 

 Првата конститутивна седница на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје се одржа на ден 19.02.2014 година. Г-динот Марјан Додовски беше избран за Претседател на овој Совет.

Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје донесе одлука еднаш месечно да се организира отворен ден на потрошувачите, на кој ќе бидат присутни претставници од ЈП, Град Скопје, ДПИ, ОПМ, со цел граѓаните на град Скопје да имаат директен контакт со Советот за заштита на потрошувачите, на кој ќе се запознаат со нивните права во делот на заштита на потрошувачките права, како и начинот на решавање на проблемите при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги, каде да се обратат и сл. Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје донесе двегодишната Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје за 2014-2015 година, која е усвоена на седница на Совет на Град Скопје.

На 17.12.2014 година, согласно со предвидените програмски активности по годишната програма на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, а во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ), беше одржана работилница за потрошувачкото право и политиката за заштита на потрошувачите во Република Македонија во компарација со правото и политиките на ЕУ во оваа област.

На работилницата учествуваа членовите на Советот за заштита на потрошувачи од Град Скопје, претставници од другите општини на територија на Град Скопје, преставници на Организациите на потрошувачи и Совети за заштита на потрошувачи од Штип, Охрид и од Кочани.

 

На работилницата се говореше за донесувањето на нова законска рамка и правата на потрошувачите во Република Македонија во компарација со Европската унија. Беа презентирани одредени проблеми на потрошувачите при купување на производи и услуги на домашниот пазар, потребата од измени, односно донесување нов Закон за заштита на потрошувачите, проблемите при купување на небезбедни производи, информациите кои им се потребни на потрошувачите при купување храна, потребата од едукација во образовниот систем, поголема едукација на одредени популациони групи, организирање кампањи и други активности со цел да се подигне нивото на информираност кај потрошувачите.

Покрај улогата на националните инстититуции, особено беше нагласена и улогата на локалната самоуправа во насока да ги идентификува проблемите на потрошувалите на локално ниво и истите соодветно да ги решава преку свои програми за заштита на потрошувачите и поблиска комуникација со граѓаните. На работилницата свој придонес во воведот, излагањата и дискусијата, дадоа претставниците од Министерство за економија, Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, ОПМ и експерти од оваа област.

 

Настанот го отвори Претседателот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, Марјан Додовски, кој воедно и даде осврт на Програмата за заштита на потрошувачите на Град Скопје и начинот на имплементација на акцискиот план за оваа година, од Министерство за економија, г-ѓа Нериман Џеладини -раководител на Сектор за внатрешен пазар се осврна на политиката за заштита на потрошувачите на национално ниво и нејзината имплементација, а г-ѓа Мира Блажевска од Одделението за заштита на потрошувачите при Министерството за економија ја презентираше Предлог-програмата за заштита на потрошувачите на РМ за 2015-2016 година.

Заклучоците коишто се донесоа на работилницата се однесуваат на потребата од унапредување на законодавството во делот на заштитата на потрошувачите, препорака да се формираат совети за заштита на потрошувачите и во другите општини и информирање на ЗЕЛС, потребата од редовно еднаш месечно организирање средби- отворен ден на потрошувачите на кој ќе бидат присутни претставници од Советот на потрошувачи на Град Скопје, ЈП, Град Скопје, ДПИ, ОПМ, на кој ќе ги запознаат граѓаните за нивните права во делот на заштита на потрошувачите, како и начинот на решавање на проблемите при користење на услугите од претпријатијата и установите што вршат јавни услуги, со насока каде да се обратат до колку имаат некако проблем како потрошувачи.

На 21.12.2014 (недела) во трговскиот центар Сити Мол се одржа кампањата за промоција на правата на потрошувачите, во организација на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, а во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија . Настанот започна во 11 часот, и на истиот беа поделени едукативни летоци на потрошувачите под мотото „Сите сме потрошувачи”, изработени од Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ).

На почетокот на кампањата, претседателот на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје и член на Советот на Град Скопје, Марјан Додовски истакна дека е започната една конкретна активност од областа за заштитата на потрошувачите, каде во едно од најфреквентните места во Скопје беа поделени едукативни летоци, каде има информации за основите права на потрошувачите, како и контакти и податоци на институциите кои се одговорни да реагираат при конкретни повреди на нивните права.

 

Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева изјави дека Советот на Град Скопје дава поддршка за активностите за заштита на потрошувачите, каде како конкретни мерки досега се издвојуваат креирањето на Советот за заштита на потрошувачите на Град Скопје, носење на Програма за работа на Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, носење на акциони планови за работа на ова тело.

Согласно програмските активности, од страна на Советот на потрошувачи на Град Скопје и Организацијата на потрошувачите на Македонија беше изработен флаер, кој содржи текст и слики кои се однесуваат на правата на потрошувачите, местото каде тие можат да се обратат за конкретен проблем, да добијат информации и совети во доменот на заштитата на потрошувачите, особено при користење на јавни услуги), информации за контакти и од други иснституции доколку потошувачите се незадоволни од своето потрошувачко право, и тоа од: ДПИ, ЈП Водовод и канализација и други институции од областа на јавни услуги, ЕВН, АЕК, VIP, ONE, T-Mobile, Агенција за храна и ветеринарство, Државен санитарен и здравствен инспекторат, Народен правобранител, Дирекција за заштита на лични податоци, Министерство за економија, ОПМ и нивни e-mail адреси.

 

Информација 10.02.2015

 

Информација од одржан состанок Совет за заштита на потрошувачи на Град Скопје и Организација на потрошувачи на Македонија со претставници од Регулаторна Комисија за домување, -во просториите на РКД на 7-ми Ноември 2016 година

 

Брошура за домување

 

Брошура за патување

 

Советот за заштита на потрошувачите организираше ФОРУМ - „Како да ги унапредите правата на потрошувачите



| Најава
Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 9223392