MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СКОПЈЕ ЕВРОПСКА ПРЕСТОЛНИНА НА КУЛТУРАТА 2028

 

Град Скопје уште пред неколку години ја почна иницијатива, а денеска и официјално објави одлуката за номинирање на Скопје како можен кандидат за титулата на Европската комисија „Европска престолнина на културата“.

- Оваа апликација е доказ за нашите заложби за европски модерен град, каде што вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. Сите активности на Градот во културата (како што е реновирањето на Универзална сала) ќе бидат насочени кон целта Скопје во 2028 да биде европска престолнина на културата.- истакна Шилегов.

Тој додаде дека да се биде европска престолнина на културата, не значи само реализирање на богата програма на настани, туку и освојување и оживување на нови културни простори што е потврда на културната различност на Европа и за тоа како културата обединува и не знае за граници.

 


Културата се повеќе зазема важно место во развојот на градовите, но и претставува двигател на урбаниот, социјалниот и економскиот развој. Искуството од досегашните европски престолнини на културата вели дека за секое вложени евро, во Градот ќе се враќаат неколкукратно повеќе. Токму затоа, оваа титула ќе значи и зголемен број на странски туристи и зголемена економска активност во градот. 

- 2028 ќе дојде набрзо и ќе помине, но она што овој град ќе го добие како наследство од сето тоа, ќе трае со години. Скопје и неговите граѓани (културни работници) ќе сторат се оваа наша апликација да стане реалност. Јас искрено верувам дека во 2028 година Скопје ќе биде Европска престолнина на културата и ќе се вброи во редот на еден Ливерпул, Даблин, Амстердам, Мадрид, Истанбул, Копенхаген - нагласи Шилегов.

Речиси и да нема главен град во Европа којшто не бил кандидат за оваа титула, бидејќи да се биде Европска престолнина на културата – град назначен од ЕУ за период од една календарска година е предизвик за секоја метропола.

Периодот за подготовка за стекнување на овој престижен статус му отвора можности на градот кандидат да го стимулира културниот развој и да ги поврзе институциите на културата за сите заедно да се подготват за изработување оргинална програма за аплицирање за титулата „Европска престолнина на културата“.

На конференцијата за медиуми присуствуваа и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка и Филип Аврамчев, директор на Универзална сала.

- Ова е вистинската програма и вистинскиот процес низ кој треба да помине секој град кој сака да ја преиспита, да ја обнови и постигне ново  современо ниво на развој и квалитет на културата во градот - истакна во своето обраќање Роберт Алаѓозовски.

Назад   

Креиран од UserAA на 12.09.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12003975