MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВОПРОЕКТИРАНИОТ БУЛЕВАР БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА
 

 

 

Екипите на Град Скопје ја почнаа изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Словенија“ и улицата „Македонска косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. На почетокот на градежните работи присуствуваa и градоначалниците на Скопје и на Бутел, Петре Шилегов и Велимир Смилевски.

- Постојната  улица „Босна и Херцеговина“ е изградена пред повеќе од 40 години, асфалтот не е заменет и широка е само 7 метри, а истата ќе прерасне во нов модерен булевар. Поради констатираните пукнатини на коловозната површина и оштетувањата на улицата, но и поради тоа што претставува главна градска магистрала што ги поврзува општините Бутел и Шуто Оризари, решивме како еден од нашите приоритети да биде изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“. Овој булевар ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри. Новиот булевар ќе има по 3 коловозни ленти во двата правци, 5 метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни – кажа градоначалникот Шилегов.

 

 

 

За реализацијата на овој капитален проект ќе бидат издвоени околу 150 милиони денари со пресметан ДДВ.

- Нашата заложба е Скопје да го добие ликот како што е замислен во плановите. Ретко е во исто време во Скопје да се градат два нови булевари, два сосема нови сообраќајни коридори,  а во моментов паралелно се гради втората фаза од новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош во Бутел – додаде Шилегов.

Градоначалникот Шилегов апелираше до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.

 

 

 

 

Градоначалникот на Бутел Смилевски се заблагодари на градоначалникот Шилегов за одличната соработка и реализацијата на овие два нови булевари на територијата на Општината.

Во рамките на големите активности за реконструкција на сите оштетени улици со цел побрз, побезбеден и поефикасен сообраќај во нашиот град, во изминатиов период почна изградбата и реконструкцијата на повеќе улици и булевари, меѓу кои: реконструкција на булеварот Партизански одреди во Влае, втората фаза од проектот за изградба на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во Бутел, како и реконструкција на улицата Ацо Шопов. Во наредниот период ќе почне реконструкцијата и на улиците Брадфордска и Лондонска во Карпош.

Назад   

Креиран од UserAA на 26.09.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12004204