MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ШИЛЕГОВ УЧЕСТВУВА НА ФОРУМОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА 16 ЗЕМЈИ ОД ЦИЕ И КИНА

 

Во Белград, Република  Србија, денеска и утре се одржуваат голем број  настани во рамките на самитот на претставници на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).

Во делот на локалната самоуправа, денеска се одржа Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и од НР Кина (16+), на кој учествува и градоначалникот на Скопје Шилегов.

 

На отворањето на самитот се обратија голем број претставници на српската и на кинеската влада, како и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот за транспорт на НР Кина, Ли Ксиаопенг и градоначалникот на Белград, Зоран Радојичиќ.

Во рамки на Форумот на градоначалници ќе се одржат голем број состаноци и работни панели на кои ќе се дискутира на повеќе теми, со фокус на инвестиционите проекти, јавното и приватното партнерство, заедничката туристичка понуда на Централна и Источна Европа насочена кон кинескиот пазар, како и примената на модерните технологии во секојдневното функционирање на градовите.

 

- На Форумот Градот Скопје учествува со два концепти, а тоа се концептот за изградба на инфраструктура во нашиот град и концептот за развојот на т.н. „паметен град“ (smart city). Очекувам размената на искуствата што ќе ја имаме со колегите градоначалници да придонесе во Скопје да можеме да имплементираме дел од решенијата кои постојат во овие градови - кажа Шилегов на форумот на градоначалници.

Шилегов изрази надеж дека Скопје во блиска иднина ќе биде домаќин на ваков голем собир.

Паралелно со Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и од НР Кина (16+), деновиве се одржува и Третиот самит на министри за транспорт на земјите учеснички на механизмот на соработка на НР Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа.

Назад   

Креиран од UserAA на 16.10.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
22.11.2018 ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12003913