MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

АКТИВНОСТИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ И ЕВИДЕНЦИЈА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ НУДАТ УСЛУГИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ

На иницијатива на Секторот за локален економски развој на Град Скопје вчера во малата сала на Советот на Град Скопје се одржа работен состанок на сите релевантни институции за преземање активности за регистрирање и евиденција на физички лица кои нудат услуги за сместување, согласно со Законот за угостителска дејност.

 

 

Според податоците со кои располага Град Скопје, голем број физички лица кои нудат услуги за сместување не се регистрирани.

 

На работниот состанок присуствуваа претставници од Секторот за ЛЕР на Град Скопје и градскиот Инспекторат, од Секторот за туризам и угостителство од Министерство за економија; од Пазарниот инспекторат; од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, од Министерство за внатрешни работи, како и општински претставници од Секторите за локален економски развој. 

 

 

Целта на оваа иницијатива од Град Скопје е усогласување на законските прописи и процедури за регистрирање на физичките лица кои стопанисуваат со сместувачки капацитети, како и воведување ред во евиденцијата на гостите коишто престојуваат во овие сместувачки капацитети.

 

Град Скопје ќе ги продолжи конкретните активности и во наредниот период и ќе работи заедно со сите засегнати страни на регулирање и изнаоѓање оптимално решение за оваа проблематика.

Назад   

Креиран од UserAA на 21.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12083449