MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СТРУЧНАТА ЈАВНОСТ ВО ГРАД СКОПЈЕ РАСПРАВАШЕ ЗА ИЗВОРИТЕ И МЕРКИТЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО
 

 

Градот Скопје вчера организираше работилница за тема „Загадувањето на воздухот во Скопје – Факти, причини, акции“, на која учествуваа претставници од голем број државни и научни институции, компании, здруженија на граѓани, како и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

На работилницата беа одржани презентации на поголем број истражувања околу причинителите на загадувањето на воздухот во Скопје, со акцент на затоплувањето на домовите и транспортот како извори за загадувањето, а се дискутираше и за потребата од координирани акции за негово намалување.

 

 

 

Работилницата ја отвори Никола Наумоски од Град Скопје и се осврна на дваесетина од мерките и проектите кои новата градска администрација ги реализира во насока на намалување на последиците од загаденоста на воздухот, спроведени или започнати во изминатите 12 месеци.

За ефектите на транспортот на загаденоста на воздухот говореше, Александар Дединец од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ, преку неговата презентација на тема „Емисиите од транспортот се помали – но најблиску до нас: моделирање на мерки за намалување на емисиите од транспортот“.

 

 

 

- Во поглед на транспортниот сектор нашите студии препорачуваат спроведување голем број мерки со широк опфат, каде што најголем дел се однесуваат на оданочување на возилата и воведување нова методологија која ќе се базира на CO2 емисии. Со овие промени се предвидува зголемување на цената за давачките при увоз на возилото во државата, како и при регистрација за возилата кои повеќе загадуваат. Конкретно за Градот Скопје предвидена е електрификација на такси возилата во Скопје до 2025 година, односно 60 проценти би биле со електрични возила, додека преостанатите 40 насто со т.н. плаг - ин електрични возила. Такси возилата се погодни бидејќи истите поминуваат годишно голем број километри, по нашите пресметки над 40.000 километри годишно. Со таа километража купувањето електрично возило за нив е исплатлива опција, се разбира, поддржани со одредени субвенции од Градот и од државата – кажа Дединец.

 

 

 

На трибината презентации имаа и Дејан Мираковски од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип на тема „Студија за испитување на загадувањето на воздухот од сообраќајот во Скопје“, Јасмина Белчовска Тасевска од УНДП на тема „Греење на домаќинствата – анализи, моделирање на мерки и нетрадиционален пристап во намалувањето на емисиите“, како и Магдалена Трајановска Трпевска од Технолаб на тема „Студија за испитување на загадувањето на воздухот од употреба на дрвото за греење“.

Во прилог се презентациите на учесниците во работилницата:

 

Назад   

Креиран од UserAA на 21.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12083288