MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ВИНТЕРЛЕНД - ПРВА НОВОГОДИШНА НАСЕЛБА ВО СКОПЈЕ

 

Новогодишна населба на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните – ова е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, а која ја најави градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција.

- Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ за првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември. Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста. Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. На средината ќе се постави голема новогодишна елка, а просторот околу елката ќе биде организиран како дел за храна и пијалаци, каде што граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички – рече денеска Шилегов.

 

 

Тој најави дека китењето на градските улици и булевари ќе почне наредната недела.

- Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало. Затоа, ги поканувам граѓаните да ја посетат новогодишната населба и со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент – додаде Шилегов.

Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Назад   

Креиран од UserAA на 21.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12388976