MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НОВИ 7 КИЛОМЕТРИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО СКОПЈЕ

За да се подобрат условите за возење велосипед екипите на Град Скопје изминатиов период изградија и реконструираа 7 (седум) километри велосипедски патеки по должината на градските улици и булевари, во општините Кисела Вода, Центар, Чаир и Бутел.

 

Во текот на градежните работи беа запазени сите стандарди за изградба на велопатеки – обележана е хоризонталната и вертикалната сигнализација, а на влезот и на излезот од крстосниците рабниците се слеани, за да се овозможи непречено движење на велосипедистите. Изградбата и реконструкцијата на велосипедските патеки се одвиваше во консултација со граѓанските активисти посветени на промоција на велосипедизмот.

 

Во последниов период нови пешачко-велосипедски патеки добија следниве улици и булевари:

 

-       булеварот Борис Трајковски, на потегот од поранешната фабрика „Стакларница“ до бараките на Општина Кисела Вода (вкупно 3.029 метри);

-       булеварот Борис Трајковски, на потегот од Рампа до крстосницата со булеварот Крушевска република (вкупно 103 метри);

-       улицата 11.Октомври, на потегот од крстосницата со булеварот Крушевска република до крстосницата со булевар Кочо Рацин (вкупно 1.332 метри);

-       булевар Крсте Мисирков, од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до клучката кај Бит-пазар (вкупно 1.704 метри);

-       улица Бутелска, од улицата Босна и Херцеговина до крстосницата со улицата Душко Поповиќ (вкупно 620 метри).

 

Новоизградените седум километри велосипедски патеки се дел од речиси 12 километри велопатеки што се изградени и реконструирани во Скопје, од почетокот на мандатот на градоначалникот Шилегов. Односно, од ноември 2017 година се изградени и реконструирани и делниците: на улицата Ѓорче Петров, на потегот од улицата Кузман Шапкарев кон излезот на Скопје (240 метри); на булеварот 8.Септември, од булеварот Партизански одреди до мостот кај хотелот „Александар палас“ (900 метри); на булеварот Кочо Рацин, од кеј „13.Ноември“ до улицата 11.Октомври - запад и од улицата 11.Октомври до булеварот Кузман Јосифовски Питу, кај ВЕРО маркетот – исток (1.200 метри); на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, на потегот од улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија (600 метри); како и на улицата Втора македонска бригада, од булеварот Христијан Тодоровски Карпош до кружниот тек на улицата Лазо Трповски - велосипедска лента на коловозот (2.000 метри).

 

Во тек е изградбата на велосипедските патеки на булеварот Србија, на потегот од крстосницата со булеварот Борис Трајковски до крстосницата со булеварот АСНОМ; на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со булеварот АСНОМ до клучката во Автокоманда; како и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, наспроти Млечниот ресторан.

 

Ова значајно унапредување на велосипедската инфраструктура во градот ќе го оценува и Европската комисија при евалуацијата на Градот Скопје за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година, која што го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина.

 

Назад   

Креиран од UserAA на 26.11.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12083303