MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НОВ ПАРК ВО ДРАЧЕВО НА МЕСТОТО ОД ИСЧИСТЕНА ДИВА ДЕПОНИЈА

 

Екипите на Град Скопје деновиве работат на уредување нова зелена површина од околу 5.500 квадратни метри во Драчево, каде што ќе се подигне нов парк, на местото каде што до неодамна имаше дива депонија.

 

- Просторот кај последната постојка на автобусот со број 41 хортикултурно го уредуваме. На оваа локација се засадија 200 висококвалитетни садници, а дополнително ќе биде поставена нова хидрантска мрежа во должина од 800 метри со 85 прскалки и 13 шахти и хидранти. Во паркот ќе се постават и нови клупи и корпи за отпадоци. Ова е уште еден парк на површина којашто претходно беше запоставена и затрупана со ѓубре. Сега, граѓаните на Драчево и на Кисела Вода ќе имаат уреден зелен простор за рекреација и дружење на отворено – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

 

 

Зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје.

 

- Ќе ја искористиме и пролетта да го обновиме загубеното зеленило и да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе чисти зелени површини. Влогот во здрава животна средина е трајна придобивка која непосредно влијае на здравјето на сите сегашни и идни генерации – нагласи Шилегов.

 

На прес-конференцијата присуствуваа и градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.

Назад   

Креиран од UserAA на 28.12.2018
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12519834