MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Зимска служба на Град Скопје
КОЛОВОЗИТЕ ЦЕЛОСНО ЧИСТИ, СЕ ДОРАСЧИСТУВААТ ТРОТОАРИТЕ И ВЕЛОПАТЕКИТЕ
 

 

Екипите на зимската служба на Град Скопје продолжуваат со интензивните активности за расчистување на снегот по обилните врнежи.

Коловозите на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.

Во текот на изминатава вечер повторно се поминати сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“, пришто беа фрлени 432 тони сол.

 

 

 

И изминатово деноноќие екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ работеа на чистење на јавните површини и тротоарите. Снегот го чистеа 60 вработени рачно и со механизација - мултикултиватори, трактори со специјални четки и ножеви за снег, трактори со плуг и патарки за расфрлање на сол.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ со два камиона, четири машини и останата потребна механизација вршеа расчистување на патеките од снег во зелените површини, тротоарите и  парковите  за олеснето движење на граѓаните.

Зимската служба на Градот Скопје будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

 

 

 

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

JП „Комунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините и апелира за поголема ажурност во оваа област, со цел непрекинато собирање на комуналниот смет.

Назад   

Креиран од UserAA на 11.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834391