MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА НАБАВКА НА НОВИ ЕКО АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ

Градоначалникот Шилегов денеска го потпиша Договорот со Европската Банка за обнова и развој (ЕБОР) за заем во вредност од 10 милиони евра за набавката на нови еко автобуси на гас во Скопје. За оваа цел ќе бидат обезбедени и дополнителни 1,8 милиони евра од Јавното сообраќајно претпријатие и грант од 1,1 милион евра за техничка соработка при подготовката на проектот. Со потпишувањето на овој договор и официјално почнува постапката за набавка на овие автобуси со кои значително ќе се подобри функционирањето на јавниот транспорт на патници во главниот град.

 

- Ова е прва набавка на автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје после 7 години што претставува релативно долг временски период кога е во прашање обновата на возниот парк на ЈСП. Очекувам дека од крајот на оваа, најдоцна почетокот на идната година по скопските улици ќе  се возат нови еко автобуси на еколошко гориво, со CNG технологија на компримиран гас со ЕУРО 6 стандард на загадување. Овие автобуси ќе ги исфрлат од употреба старите дотраени дизел автобуси на ЈСП, со ЕУРО 2 стандард, без клима и дополнителна опрема. Голем дел од автобусите ќе бидат нископодни зглобни - дводелни, а преостанатите ќе бидат нископодни единечни. Зглобните автобуси ја имаат таа предност што имаат капацитет да превезуваат речиси двојно повеќе патници од двокатните и многу побрзо патниците да влегуваат и излегуваат од автобусите,  со што ќе се намали  времето потребно да се стигне до конкретна дестинација во градот – изјави Шилегов.

 

Тој додаде дека Одлуката за набавка на ваков тип  автобуси во Градот  ја донеле по спроведените тест возења на 3 различни модели на автобуси на гас и еден електричен автобус во текот на минатата година. Резултатите од тест возењата покажале дека ваквиот тип на автобуси се еколошки, енергетски ефикасни и економски исплатливи и  речиси и да не го загадуваат воздухот, потрошувачката на гориво им е сведена на минимум, а се релативно евтини  за одржување.

 

- Во рамките на техничката соработка која ни ја овозможува ЕБОР освен стручната подготовка при набавката на автобуси ќе се работи и на унапредување на оперативните и финансиски перформанси на ЈСП, реорганизација на автобускиот превоз преку стратегија за реструктурирање и помош на градот во подготовката на акцискиот план за зелен град – рече Шилегов.

 

Шилегов нагласи и дека обновата на возниот парк на јавниот автобуски превоз во Град Скопје ќе биде процес што ќе се одвива плански и внимателно.

 

- Обезбедувањето на одржлива урбана мобилност во градот која целосно ќе излезе во пресрет на потребите на нашите сограѓани останува приоритет на кој планираме да останеме посветени и во иднина. Во таа насока работиме на подобрување на условите кои ги нуди ЈСП како сервис на граѓаните, а како резултат на тоа очекуваме зголемување на бројот на патници кои ќе го користат јавниот автобуски превоз. Тоа секако ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж и што е најважно, ќе даде сериозен импакт во намалувањето на повеќе деценискиот проблем со аерозагадувањето –  посочи Шилегов.

 

Градот Скопје континуирано работи на создавање услови за поздрава животна средина, бидејќи граѓаните заслужуваат почист воздух и побрз проток на сообраќајот, а со сите промени  што ги планира во јавниот транспорт на патници, на среден рок скопјани ќе може да ги почувствуваат позитивните промени на тој план.

 

Назад   

Креиран од UserAA на 28.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12389068