MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Во дворот на СУГС „Михајло Пупин“
ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПОЛИГОН ЗА ТРЕНИНГ НА ЕЛЕКТРО-МОНТЕРИ И ЕЛЕКТРО-ТЕХНИЧАРИ

 

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ денеска почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во ЕВН откако ќе го завршат школувањето.

 

- Денеска почнуваат градежните работи за поставување опрема на полигон во дворот на ова училиште, за потребите на учениците кои го изучуваат профилот електричар – електромонтер на електроенергетски мрежи. Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот ќе се овозможи делот од практичната настава којашто досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето, на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на трудот во Скопје и во Македонија - рече денеска градоначалникот Шилегов.

 


Тој се заблагодари на ЕВН – Македонија која го почна овој проект и го надградува секоја година. Град Скопје ќе продолжи да поддржува вакви проекти со кои младите жители на Скопје ќе можат успешно да работат на својот личен и професионален развој, а притоа да нема потреба заради тоа да го напуштаат својот дом.

 


На почетокот на градежните работи на полигонот за тренинг на електро-монтери и електро-техничари присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Назад   

Креиран од UserAA на 29.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12611129