MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

30.11.2019

Градот Скопје го објави јавниот повик за надоместување дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на град Скопје за набавка на печки на пелети. Со цел да ги стимулира граѓаните да користат почисто гориво и поквалитетни печки за затоплување на своите домови - печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот, Градот Скопје на граѓаните што имаат купено печки на пелети од 07.11.2018 година до денот на завршувањето на повикот ќе им надомести дел од трошоците за набавка на печката во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.

Овој повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 ноември 2019 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.

 

Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства, Градот Скопје ќе ја информира јавноста на својата Интернет-страница дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен.

 

Јавниот повик може да го погледнете на следната интернет врска.

 

Барањето за граѓаните може да го превземете од следната интернет врска.

 

Барањето за потврда за подмирени обврски по основ на данок на имот за недвижниот имот може да го превземете од следната интернет врска.

Назад   

Креиран од UserAA на 31.01.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834269