MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ И ГОДИНАВА ДОДЕЛУВА СТИПЕНДИИ ЗА СПОРТИСТИ - СРЕДНОШКОЛЦИ

 

Со цел да ја зголеми мотивираноста кај младите и талентирани спортисти - средношколци, Град Скопје и годинава ќе додели стипендии на спортисти - средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта на подрачјето на град Скопје.

Јавниот повик за доделување стипендии на спортисти – средношколци, ученици во средните училишта на подрачјето на градот Скопје за 2019 година е објавен денеска, а ќе трае 10 дена, до 14.02.2019 година. Врз основа на пропишаните критериуми во овој повик ќе се изберат 105 стипендисти - средношколци, кои ќе добиваат стипендија во вкупен нето износ од 24.000 денари во тековната 2019 година.

Право на добивање стипендија на овој повик имаат државјани на Република Македонија кои имаат статус на редовен или вонреден ученик/ученичка во средно училиште на подрачјето на град Скопје; да се жители на Скопје; да се активни спортистки и спортисти, членови на спортски клубови од подрачјето на град Скопје и да се регистрирани во националните спортски федерации во Македонија; да имаат високи спортски достигнувања во претходната 2018 година и во 2019 година, се до завршувањето на јавниот повик.

Сите заинтересирани овој јавен повик може да го погледнат на веб-страницата на Град Скопје , а за дополнителни информации може да се јават и на телефонските броеви 02/3297-238 и 02/3297-320.

Пријавите треба да се достават до Град Скопје, преку пошта на адресата Булевар Илинден број 82, 1000 Скопје, или во архивата на Град Скопје (барака број 16) секој работен ден, а најдоцна до 14.02.2019 година до 19 часот.

Назад   

Креиран од UserAA на 05.02.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12610994