MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ГРАД СКОПЈЕ СЕ ВКЛУЧИ ВО ЧИСТЕЊЕТО НА ДВОРОТ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“

 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“.

На акцијата за чистење присуствуваа и градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ЈП „Комунална хигена“, Абдусамед Шабани.

 

- Ако сакаме чист и уреден град, сите треба да внимаваме каде го фрламе своето ѓубре. Овој пат, грдата слика за Скопје е оваа дива депонија создадена во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“. Иако за чистење на овој двор не се надлежни ниту Градот Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“, денеска покажуваме добра волја и спроведуваме акција за расчистување на оваа дива депонија. Нашата цел е да испратиме силна порака до граѓаните, до куќните совети, до институциите и до фирмите да си го исчистат ѓубрето. Сите заедно да покажеме одговорност кон средината во која живееме, за да си обезбедиме поздрав и поквалитетен живот. Сите заедно да застанеме на патот на создавањето диви депонии. На тој начин стоиме на патот на загадувањето на воздухот, на почвата и на водите. На тој начин си ја гарантираме иднината – рече денеска Шилегов.

 


Тој додаде дека ѓубрето не познава административни граници и дека сите се одговорни за создавањето отпад.

- Упатувам апел и до општините, да ја одржуваат хигиената на јавните површини за кои се надлежни, но и до моите сограѓани, отпадоците да ги одлагаат исклучиво во кантите и во контејнерите за таа намена, за конечно да исчезне оваа грда слика на градот – нагласи градоначалникот Шилегов.

 


 

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ и во наредните денови ќе спроведува активности за расчистување на јавните површини во градот - локации на кои редовно се создаваат диви депонии и недозволено се фрла ѓубре.

Назад   

Креиран од UserAA на 12.02.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12611001