MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА АНТОН ДИМИТРОВ ВО ДРАЧЕВО

 

Екипите на Град Скопје работат на реконструкција на улицата Антон Димитров, во Драчево, која ќе се обнови на вкупна должина од 1.450 метри. На терен ќе се вградат порамнителен и завршен слој на коловозот со површина од околу 10.000 квадратни метри, како и тротоари од бекатон на површина од околу 6.500 квадрати. Увид во градежните работи на оваа улица денеска изврши градоначалникот Шилегов.

 

- Град Скопје годинава ќе реконструира повеќе булевари и улици што се во наша надлежност. Од редот на приоритетите ги издвојувам првата фаза од проширувањето и реконструкцијата на булеварот АСНОМ, реконструкцијата на дел од булеварот Партизански одреди и на улиците Февруарски поход, Лазар Личеноски, Брадфордска, како и обновата на улицата на која што се наоѓаме денеска, Антон Димитров, поранешната улица Жарко Зрењанин. Реконструкцијата на улицата Антон Димитров е предвидено да заврши оваа година, а Градот Скопје за овој зафат ќе потроши околу 19,4 милиони денари – рече градоначалникот Шилегов.

 

Улицата Антон Димитров секојдневно ја користат жителите на Драчево и околните населби во општината Кисела Вода. Поради градежните активности, на улицата ќе биде воведен привремен режим на сообраќај.

 

- Апелирам до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот. Граѓаните на Скопје заслужуваат безбедни улици, без дупки, каде што движењето ќе се одвива непречено. Продолжуваме со редовната реконструкција на сите оштетени улици за да овозможиме сообраќајот во нашиот град да се одвива побезбедно и поефикасно – нагласи градоначалникот Шилегов.

Назад   

Креиран од UserAA на 06.03.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12519950