MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ХРАБРИТЕ ПОЖАРНИКАРИ КОИ ПОМОГНАА НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ
 

 

За покажаната храброст и укажаната несебична помош на настраданите во сообраќајната несреќа кај селото Ласкарци, на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје градоначалникот Шилегов им додели благодарници.

Шилегов денеска им врачи благодарници на пожарникарите Владимир Симоновски, Владимир Кочовски, Цане Пројчевски и Рашо Рожајац коишто беа меѓу првите што укажаа помош на местото на несреќата на автопатот Скопје – Тетово.

 

 

 

Веднаш по информацијата за случената стравична несреќа на патниот правец Скопје - Тетово, во близина на селото Ласкарци, екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираа на терен со повеќе специјализирани возила и помагаа во извлекувањето на настраданите патници во автобусот.

 

 

 

Минатата недела Советот на Град Скопје донесе одлука со која како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во оваа сообраќајна несреќа, на секое семејство кое загуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.03.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12519803