MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ДРИСЛА СО НОВ КОНЦЕСИОНЕР ВЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ

Советот на Град Скопје ја прекина денешната 30-та седница што беше закажана со две точки на дневниот ред, поврзани со изборот на приватен партнер за вршење концесиска дејност и вложување во Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“.

Седницата беше прекината на барање на градоначалникот Шилегов, кој како причина го наведе одржувањето на претседателските избори, а би се одржала по завршувањето на изборите.

 

- Изминатиов период многу внимателно ја анализиравме целокупната состојба со проектот „Дрисла“, при што извршивме увид во целосната постапка од нејзиното започнување па се до последната судска пресуда. Предмет на анализа беа процесите, постапките и евалуациите кои биле вршени, при што се пронајдени сериозни аномалии. Пред вас е доставена одлуката, која е недвосмислена и која вели дека Градот Скопје треба да го има Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ за партнер во „Дрисла“. Јас сум спремен кога ќе се отвори дебатата целосно да ја објаснам анализата, за тоа каде се направени грешки во минатиот процес и евалуациите, како и зошто е заглавен целиот процес онолку колку што е. Она што е извесно е дека конечно Градот Скопје ќе добие капацитет и депонија како што доликува, а пред се капацитет којшто ќе остварува приходи. Сакам процесот целосно да го извадиме од правните контроверзи коишто го следат од самиот почеток. Во моментот кога ја доставивме оваа точка пред вас, се појавија некои дилеми, а бидејќи се распишани избори за претседател, јас предлагам да ја прекинеме седницата и изборот да го извршиме веднаш по завршувањето на изборите - рече денеска градоначалникот Шилегов.

 

Тој напомена дека е даден налог на службите за постапка за раскинување на договорот со конзорциумот FCL AMBIENTE SRL и UNIECO SCC COOP од Република Италија, како и дека во периодот додека не се избере нов концесионер Град Скопје ќе го преземе управувањето со Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ – Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 13.03.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079171