MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЧАЛАЧЕ АСМАМА ТИРУНЕ ОД ЕТИОПИЈА ПОБЕДНИК НА 15-ОТ ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН
 

 

Денеска на скопските улици неколку илјади маратонци трчаа на 15-то издание на најмасовната спортска манифестација Виз Ер Скопски маратон 2019.

 

 

 

Победник на Виз Ер Скопскиот маратон 2019 е Чалаче Асмама Тируне (Chalachew Asmamaw Tiruneh) од Етиопија кој прв пристигна на целта и 42 километарската траса ја истрча со време од 2:15.37 часа, оставајќи ги зад себе Вилфред Кипчирчир Корир од Кенија (Wilfred Kipchirchir Korir) и третиот Гетаје Фисеха Гело од Етиопија (Getaye Fisseha Gelaw).

 

 

 

Во женска конкуренција доминација на натпреварувачките од Кенија, каде победи Енис Ниара Мичири (Eunice Nyawira Muchiri) која заврши со време од 2 часа, 33 минута и 27 секунди, што претставува најдобар резултат постигнат во женска конкуренција. Второто место го освои Еулитер Тануи (Euliter Jepchirchir Tanui),  додека третото Наоми Какоко Ламамуреи (Naomi Kakoko Limamurei).

 

 

 

Во полумаратонот, прв ја помина целта домашниот тркач Дарио Ивановски, кој патеката долга 21 километар ја истрча за време од 01:12.31 часа, пред Кристијан Стошиќ (Србија), додека третото место го освои домашниот тркач Милош Ранчиќ. Кај дамите првите три места ги освоија Зита Качер (Унгарија) со резултат од 1:28.55 часа, а зад неа завршија домашната атлетичарка Миљана Ристиќ и Емилија Тодоровска Елијас (Шведска).

 

 

 

На трката на 5км, којашто беше најмасовна, кај жените најуспешни беа Марија Стојановска, втора беше Ања Еклер, а третото место го освои Ирма Хајдари, додека кај машките натпреварувачи најуспешни беа Леонид Вандевски, пред Павле Јовановски и Пепи Aнакиев.

 

 

 

Организатори на годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон 2019 се: Град Скопје и Сојуз на спортови на Скопје, Агенцијата за млади и спорт, како и Атлетската федерација на Република Македонија, Европската Унија во Македонија и атлетските клубови. Оваа година на маратонот што се трчаше низ улиците на Скопје имаше рекордна пријавеност од над 12.500 пријавени од 58 земји од светот.

 

 

 

Град Скопје од Буџетот и годинава за оваа намена издвои 1.500.000 денари, и ги стави на располагање и сите јавни претпријатија под негова ингеренција, кои беспрекорно си ја вршеа својата работа за маратонот да се одржи во најдобар ред. Во маратонот учество зедоа 60-тина вработени од администрацијата на Град Скопје.

 

 

 

 

Наградниот фонд на Виз Ер Скопски маратон 2019 изнесува 18.000 евра, додека највисоката поединечна награда може да достигне 5.000 евра.

Назад   

Креиран од UserAA на 04.05.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.06.2019 РАСПИШАН ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12729792