MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

НОВА МОДЕРНА И ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНА ФАСАДА И ЗА СУГС „ЦВЕТАН ДИМОВ“
 

 

СУГС „Цветан Димов“ е уште едно училиште кое ќе добие нова енергетско ефикасна фасада, со што Град Скопје продолжува да инвестира во средното образование. На почетокот на градежните работи за реконструкција на фасадата присуствуваше градоначалникот Шилегов.

 

 

 

- Новата енергетски ефикасна фасада на „Цветан Димов“ ќе има специфичен визуелен и естетски стил, односно ќе биде стаклена со алуминиумски композитни панели во боја. Оваа реконструкција ќе заштеди енергија и полесно ќе се одржува температурата во зимскиот и во летниот период во училиштето. Учениците и професорите ќе имаат поквалитетни и подостоинствени услови за настава – рече Шилегов.

 

 

 

Градот Скопје само минатата година инвестираше во повеќе сегменти од образованието - половина од училиштата добија енергетско ефикасни фасади, во другата половина од училиштата се реконструираше внатрешноста во согласност со потребите, беа обезбедени стипендии за над 100 средношколци спортисти, а беа ангажирани и 17 образовни асистенти за учениците со посебни образовни потреби.

 

 

 

 

Исто така, сите средношколци без исклучок добија бесплатен јавен градски превоз, а во осум училишта беа направени тоалети за лицата со попреченост и беа обележани паркинг-места за лицата со посебни потреби во кругот на училиштата.

Назад   

Креиран од UserAA на 29.05.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12964060