MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

МЕЃУНАРОДЕН ДОБРОТВОРЕН БАЗАР 2019 ВО ГРАДСКИОТ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Во ГТЦ денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2019“ на кој на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите на дипломатските претставништва во Република Северна Македонија и други меѓународни организации.

 

- Овој настан не обединува во одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, да се соберат колку што е можно повеќе средства кои годинава ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Ова е прилика каде што секој од нас има можност да биде хуман и лично да придонесе во собирањето на средствата кои на овие дечиња им се повеќе од потребни - рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на добротворниот базар.

На годинешниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на 27 амбасади и меѓународни организации во земјава.

„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, а е во организација на Здружението „Macedonia Welcome Centre - DMWC“ во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје. Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е Неговата Екселенција Г-дин Мирослав Томан, чешкиот амбасадор во Република Северна Македонија.

Назад   

Креиран од UserAA на 01.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834278