MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје
Да дадеме голема поддршка за РК Вардар
ЗАЕДНО НА ПЛОШТАД ДА НАВИВАМЕ И ГО ГЛЕДАМЕ РК ВАРДАР ВО ФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ ВО РАКОМЕТ

Градот Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар од Ф4 турнирот за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите, каде нашиот РК Вардар денеска во 18 часот ќе ги одмери силите со Веспрем од Унгарија.

За големото финале во Келн, Вардар се избори по големата победа над светскиот гигант Барселона (29-27), додека Веспрем беа подобри од екипата на Киелце (33-30).

По тој повод, Град Скопје на плоштад „Македонија“ на голем видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на РК Вардар и неговата нова европска шампионска титула.

Ова е трет настап на РК Вардар на Фајнл фор турнирите, каде по вторпат ќе се бориме за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.

Назад   

Креиран од UserAA на 02.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

  

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12834281