MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ ВОВЕДУВА ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА УЛИЦАТА ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ

Град Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре на улицата Димитрија Чуповски, во центарот на градот, ќе се воведе привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.

Имено, поради асфалтирање на улицата Димитрија Чуповски, на потегот од раскрсницата со булеварот ВМРО до крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски утре (07.06.2019 година, петок), почнувајќи од 7 часот наутро па до 7 часот на 08.06.2019 година ќе бидат затворени за сообраќај три коловозни ленти, и тоа: две ленти во правец Центар - студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“ и една лента во правец дом „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе мора да вртат десно на крстосницата на булевар ВМРО со улицата Димитрија Чуповски и да возат кон булеварот Партизански одреди. Возилата што се движат од домот „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе се движат во една лента, крајната десно.

Исто така, возилата што се движат по улицата Васил Главинов кон крстосницата со улицата Димитрија Чуповски ќе можат да одат право кон булеварот ВМРО и лево кон Центар. Вртењето во десно, за нив ќе биде забрането.

Во сабота (08.06.2019 година), пак, со почеток во 7 часот наутро до 7 часот на  09.06.2019 година ќе бидат затворени три коловозни ленти на улицата Димитрија Чуповски, и тоа: две ленти во правец студентски дом „Кузман Јосифовски Питу - Центар  и една лента во правец Центар - студентски дом „Кузман Јосифовски Питу“. Возилата што се движат од Центар кон „Кузман Јосифовски Питу“ ќе се движат по една коловозна лента, а возилата што се движат од „Кузман Јосифовски Питу“ кон Центар ќе вртат лево или десно по булеварот Свети Климент Охридски. Исто така, вртењето во десно од булеварот Свети Климент Охридски кон улицата Димитрија Чуповски ќе биде забрането, односно возилата ќе продолжуваат да се движат право по булеварот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја проспособат брзината на движење на условите на патот.

Назад   

Креиран од UserAA на 06.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079190