MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОКАНА ЗА 35 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Советот на Град Скопје на ден 11.06.2019 година (вторник), по завршувањето на Собранието на Акционерското друштво за енергетски дејности АД ГЕС- СКОПЈЕ  Скопје (кое ќе започне во 11 часот), ќе ја одржи својата 35-та седница.

 

На седницата Советот ќе работи по следниот предложен дневен ред:

 

- Усвојување на Записникот од триесет и третата седница на Советот на Град Скопје

1. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините во градот Скопје (Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир, Сарај, Шуто Оризари)  за реконструкција и хортикултурно уредување на јавни зелени површини;

2. Предлог-Одлука за примање донација од BAUSAA (BAUStudio Architects Associates)

3. Предлог-Одлука за субвенционирање на Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници ЛАЈКА Скопје

4. Предлог-Одлука за дополнување на Одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје Скопје;

5. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање субвенции на ЈП Градски паркинг;

6. Предлог-Одлука за изменување  и дополнување на Одлуката за субвенционирање на ЈП Комунална хигиена – Скопје

7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за субвенционирање на ЈП Паркови и зеленило-Скопје;

8. Предлог-Одлука за воспоставување  меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Центар за изработка и донесување на Регулациски план на  Генерален  урбанистички план на град Скопје  2012-2022 за четврт З 10;

9. Предлог-Одлука за донесување на Регулациски план на Генерален урбанистички план на град Скопје 2012-2022 за четврт И 15;

10. Предлог-Одлука за определување локации за поставување на урбана опрема - подвижни објекти, подвижни апарати и други направи во Градскиот парк Скопје;

11. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Програмата за инвестиции во 2019 година на ЈП Комунална хигиена-Скопје;

12. Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Стататутот на ЈП Градски паркинг-Скопје;

13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Програмата на инвестиции за 2019 година на ЈП Градски паркинг- Скопје

14. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Градот Скопје од областа  на средното образование во 2019 година;

15. Извештај за целокупното работење на ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, Батинци, Студеничани за 2018 година бр. 02-781/8 од 29.05.2019 година, одобрен од Собирот на содружници на Друштвото со Одлука бр. 02-781/9 од 29.05.2019 година.

 

Седницата ќе се одржи во големата сала на Советот на Град Скопје, барака 13, бул. Илинден бр. 82.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079191