MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ШИЛЕГОВ: АСУЦ „БОРО ПЕТРУШЕВСКИ“ КОНЕЧНО ИМА СПОРТСКА САЛА

 

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на отвoрањето на новата спортска сала во СУГС „Боро Петрушевски“ каде што се обрати пред присутните гости.

- АСУЦ „Боро Петрушевски“ од денеска е побогат за нова современа спортска сала која конечно, после 14 години од почетокот на нејзината градба, е завршена и ставена во употреба на задоволство на учениците и наставниот кадар од ова средно училиште. АСУЦ беше едно од ретките средни училишта кои досега немаа сопствена спортска сала, а сега има со  вкупна површина од 1423 квадратни метри -рече Шилегов.

 

Објектот е опремен со голема спортска сала, пинг-понг сала, мала сала за гимнастика, сала за пилатес и фитнес, простор за реквизити и гардероби, коишто овозможуваат одвивање на  квалитетна настава по спорт и спортски активности.

 

 

- Во оваа пригода сакам да упатам искрена благодарност и до моите претходници, како и до Министерството за образование и наука за целокупната поддршка во  изградбата на оваа сала. Во таа насока, сакам да упатам и еден апел да продолжиме понатаму да соработуваме со зголемен интензитет со цел средношколците во Скопје освен нови сали да добијат можност да учат и во нови училишта кои се повеќе од потребни, имајќи предвид дека Скопје е град кој мошне брзо расте и се развива. Со ова уште еднаш покажавме дека доколку кон работите пристапуваме чесно, одговорно и со искрена волја за подобрување на условите на нашите ученици, не постојат препреки кои се несовладливи – рече Шилегов.

 

Градот Скопје во доменот на средното образование, во рамките на надлежностите,  во текот на минатата година направи многу. Интензивно се реконструираа сите средни училишта на градот, се поставија 572 прочистувачи за воздух во секоја училница, а се обезбедија и стипендии за над 100 средношколци спортисти. Бесплатниот јавен градски превоз кој им беше овозможен на дел од средношколците, од минатата година стана бесплатно достапен за сите средношколци.

 

- Во континуитет работиме на подобрување на пристапноста за лицата со посебни потреби во училиштата со цел на сите подеднакво да им бидат достапни условите за функционирање. За дел од учениците со посебни образовни потреби  обезбедивме образовни асистенти кои им помагаат во образовниот процес – нагласи Шилегов.

 


 

Градот Скопје ќе продолжи и понатаму посветено да работи за создаде услови за квалитетна настава во средните училишта затоа што само така ќе успее на идните генерации да им обезбедиме образование кое ќе произведува квалитетни кадри во различните области како примарен услов во развојот на едно здраво, современо општество.

Назад   

Креиран од UserAA на 07.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12964082