MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СРЕДБА НА ПРВИОТ СО НАЈДОБРИТЕ – НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА МАТУРАНТИТЕ ПРВЕНЦИ ОД СКОПЈЕ

 

Градоначалникот Шилегов денеска им врачи признанија и парични награди на матурантите првенци на генерациите 2015/2019 и 2016/2019 од 22 скопски средни училишта. Доделувањето на наградите е дел од традиционалната манифестација на Град Скопје „Средба на првиот со најдобрите“ која овојпат се одржа во просториите на МКЦ.

- Денеска наградуваме 27 првенци од 22 средни училишта на Град Скопје. Од нив, 22 награди се за првенците кои имаат завршено четиригодишно образование, а четири се за оние што имаат завршено тригодишно образование. Оваа година за првпат се доделува  и специјална награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година. Праксата покажува дека тој што е првенец на својата генерација и понатаму постигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Знаењето никој не може да ви го одземе, тоа е сила што ќе ве прави непокорни, самостојни и добри во одлучувањето – рече градоначалникот Шилегов пред присутните.

 

 

Тој на учениците им порача и понатаму да редат успеси на различни полиња, зашто преку личниот успех индиректно придонесуваат за успешен развој и на градот, и на општеството.

 


Награди и признанија за своите успеси денеска добија првенците на генерациите 2015/2019 и 2016/2019 година: од СУГС „Владо Тасевски“ - АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ IV; од СУГС „Георги Димитров“ - МАРИЈА ТРПЧЕВСКА  IV; од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ - СТЕФАН СТОЈКОВИЌ IV; од СУГС „Кочо Рацин“ - МИХАЕЛА ЈАНКОСКА  IV; од СУГС „Браќа Миладиновци“ - ЕЛЕНА БАБУНСКА IV; од СУГС „8 Септември“ - ЈАСИР ЉУРА  IV; од СУГС „Jосип Броз-Тито“ - СПАСЕ ПРЕМЧЕСКИ IV; од СУГС „Орце Николов“ - ДАВИД ХРИСТОВ IV; од СУГС „Михајло Пупин“ - ТРАЈАН БОШКОВСКИ III и АЛЕКСАНДАР РАЈКОВЧЕВСКИ IV;  од СУГС „Зеф Љуш Марку“ - МИРАНДА ПАЈАЗИТИ IV; од СУГС „Никола Карев“ - ДЕФНЕ ЕМИНОВСКА IV и МАРТИНА ЧОЧКОВА IV за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година; од СУГС „Лазар Танев“ - ТАТЈАНА ДАВИДОВСКА IV и САРА ТРАЈКОВСКА III; од СУГС „Васил Антевски- Дрен“ - ЕМИЛИЈА ТРАЈКОСКА IV; од СУГС „Боро Петрушевски“ - САНДРА ЈАКИМОВСКА IV; од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ - КАТЕРИНА ЧОБАНОВА  IV; од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ -  ВЕРОНИКА СТАНОЕВСКА IV; од СУГС „Панче Арсовски“ - ПЕТАР СПАСОВИЌ IV; од СУГС „Арсени Јовков“ - ДАМЈАН ЦВЕТКОСКИ IV; од СУГС „Здравко Цветковски“ - ДРАГАНА МАРИНКОВСКА  IV; од СУГС „Цветан Димов“ - ЊОМЗА АЈДИНИ IV; од СУГС „Шаип Јусуф“ - АЗИС РАИФ IV и САНЕЛА КРАСНИЌ III и од СУГС „Димитар Влахов“ - АЛЕКСАНДРА БЛАЖЕВА  IV и АРБНОР ШАБАНИ  III.

Манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“ Градот Скопје ја организира традиционално, 13-та година по ред. Таа има за цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати.

Назад   

Креиран од adminvm на 10.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079251