MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

30.11.2019

Градот Скопје го распиша вториот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди во 2019 година, со кои се предвидени субвенции за граѓаните кои имаат купено нови велосипеди од 27.05.2019 година и ќе трае се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, или не подоцна од 30.11.2019 година.

Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, а јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

Барателот треба да ги исполни следниве услови:

- Барање за субвенција за купување на еден велосипед (Барањето може да се подигне во архивата на Град Скопје или да се обезбеди од интернет страницата на Градот: www.skopje.gov.mk),

- Доказ за жителство во Град Скопје, со доставување копија на важечка лична карта на барателот,

- Фотокопија од трансакциска сметка на барателот,

- Изјава дека барателот досега нема искористено субвенција за купување на велосипед од Град Скопје,

- Оригинал фискална сметка издадена во Република Северна Македонија, со датум од 27.05.2019  година се до исцрпувањето на буџетот наменет за Јавниот повик, но не подоцна од 30.11.2019  година.

 

Барањето за надоместок на дел од трошоците за купување  велосипед, заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на Град Скопје, бул. Илинден бр.82, секој работен ден од 09 до 15 часот.

 

Целиот јавен повик граѓаните можат да ги видат на следната интернет врска.

Барањето за субвенција можете да го превземете на следната интернет врска.

 

Изјавата можете да ја превземете на следната интернет врска

Назад   

Креиран од UserAA на 26.06.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12965586