MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА ЛАЗАР ТРПОВСКИ
  

 

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа првата фаза од реконструкцијата  на коловозот на улицата  Лазар Трповски во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

- Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници во нашиот град. Пред неколку дена ја започнавме  реконструкцијата на оваа улица Лазар Трповски, на потегот од кружниот тек со улица  Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. Предвидено е да се заврши во рок од 20 дена, така што очекуваме  по реконструкцијата на овој потег граѓаните да добијат безбедни сообраќајници, што е и наша цел. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 2,5 милиони денари со пресметан ДДВ - рече Шилегов.

 

 

Со реконструкцијата е предвидено  стружење на коловозот и поставување на нов асфалт на површина од 2.400 квадратни метри.

Во текот на летото ќе продолжат реконструкциите на повеќе булевари и улици во надлежност на Град Скопје. Реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона  завршувааат со рекордно кратки рокови, се  со цел да се обезбедат услови за одвивање на сообраќајот без создавање сообраќаен метеж.

Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

 

 
Назад   

Креиран од adminvm на 01.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12965780