MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ФЕВРУАРСКИ ПОХОД

 

 

Градот Скопје ја започна реконструкцијата на коловозот на улицата Февруарски поход во скопската Општина Аеродром. Увид во градежните работи на оваа делница денеска изврши градоначалникот Петре Шилегов.

-Градот Скопје продолжува интензивно со реконструкцијата на главните сообраќајници насекаде низ нашиот град.  Денеска ја почнавме реконструкцијата на оваа фреквентна и оштетена  улица Февруарски поход во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата на коловозот ќе се изведува во должина од 720  метри,  а предвидено е да се заврши, како што стана традиција, за рeкордно кратко време,  во рок од 20 дена - рече Шилегов.

 


Тој додаде дека императив на Градот е да се обезбедат безбедни сообраќајници за сите учесници во сообраќајот, без создавање сообраќаен метеж.

-За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 7,49 милиони денари- кажа Шилегов.

Градоначалникот Шилегов, повторно ги замоли граѓаните, за разбирање додека траат градежните активности. Исто така, тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

 

 
Назад   

Креиран од adminvm на 02.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12965785