MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

МЕЃУОПШТИНСКИТЕ СОРАБОТКИ – ГЛАВНА ТЕМА НА 37-ТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Советот на Град Скопје на денешната седница ќе разгледува и ќе расправа за поголем број предлог-одлуки на Градот Скопје.

На дневен ред се предлог-одлуките за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Гази Баба за изградба на атмосферска и фекална канализација на дел од  булевар Алелсандар Македонски; помеѓу Град Скопје и Општина Бутел за опремување на сензорна соба; помеѓу Град Скопје и Општина Центар за уредување, озеленување и просторот помеѓу олимписки базен „Центар“, булевар „Кочо Рацин“ и улица „Истарска“; за уредување јавна зелена површина лоцирана позади Младински Културен Центар, како и за партерно уредување и озеленување на просоторот помеѓу булевар Гоце Делчев, Национална опера и балет, Национална филхармонија, Факултет за музичка уметност и Национална галерија.

 

Дополнително, на денешната седница советниците ќе расправаат и за Предлог- одлуките за пренесување на правото на трајно користење на статични контејнери за одлагање на комунален отпад; за давање дозвола за вршење дејност паркирање на МИ-ДА Моторс; за давање согласност за преземање вработен, како и за давање согласност на Одлуката за давање на донација на движен имот специјално возило пајак.

 

Назад   

Креиран од admints на 11.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 12965610