MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПРОДОЛЖУВА ГЕНЕРАЛНОТО ЧИСТЕЊЕ ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

 

Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини денеска продолжи во Аеродром, Шуто Оризари, Гази Баба, Чаир и во Бутел.

За време на спроведувањето на акцијата на јавните претпријатија увид во состојбите на терен извршија градоначалниците на Скопје и Општина Гази Баба, Шилегов и Георгиевски.

 

- Во текот на оваа акција на располагање на општините се става целиот потенцијал на градската администрација и јавните претпријатија. Наша крајна цел со оваа акција е да извршиме потемелно чистење и отстранување на дивите депонии коишто се наоѓаат внатре во самите општините, да го уредиме зеленилото, како и да ги санираме ударните дупки по споредните улици. Во сите општини поставени се по 3 пункта на кои граѓаните можат да го одлагаат кабастиот отпад кои деновиве ќе биде подигнат од страна на екипите на „Комунална хигиена“, меѓутоа многу е важно што работиме заедно со општините на план да отвориме од 3 до 5 локации во секоја општина каде во определени денови граѓаните да можат без надоместок да го одлагаат кабастиот отпад – кажа Шилегов.

 

Шилегов информираше дека на последниве денови во подножјето на Парк шумата Гази Баба имало обид за извршување на градежни работи и истите се прекинати по извршен увид на градските и општинските инспектори и претставници на МВР. Тој додаде дека е констатирано неправилно вршење на работа и од понеделник ќе биде издадено решение за отстранување на песокот на инвеститорот во рок од 3 дена, а доколку тоа не го стори во овој рок истиот ќе биде отстранет од ЈП „Улици и патишта“ и тоа ќе биде наплатено на инвеститорите.

 

Градоначалникот апелираше до граѓаните да се придржуваат до правилата за одлагање на комуналниот смет и тоа да го прават во предвидениот термин, бидејќи потребен е ангажман од сите да дојдеме до почист и поубав град.

Назад   

Креиран од UserAA на 27.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079219