MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗАВРШНО АСФАЛТИРАЊЕ НА ПОСЛЕДНАТА ТРАСА ОД БУЛЕВАРОТ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕДИ
 

 

Со завршното асфалтирање на последната траса проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ влегува во завршна фаза.

Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико“ до мостот „Обединети нации“ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати, и  да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.

 


Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.

Со овој проект целосно се замени асфалтот  на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари.


Назад   

Креиран од UserAA на 30.07.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079227