MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ИНТЕНЗИВНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ ЈУЛИ ВО СКОПЈЕ

 

Во текот на изминатиот месец Град Скопје работеше на реконструкција на повеќе булевари и улици и тоа со рекордно кратки рокови.

Целосно заврши реконструкцијата на булеварот Партизански одреди на потег од крстосницата со бул. 8.Септември до мостот Обединети нации, во должина од околу два километри, а заврши и фазната реконструкција на улицата Лазар Личеноски во вкупна должина од 493 метри, на потег од раскрсницата со бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на паркингот кај СРЦ Кале.

Во полн ек се градежните активности за реконструкција на улицата Ѓорче Петров на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол. Едниот правец на улицата е целосно асфалтирана, а се струга стариот и оштетен слој во  спротивниот правец. Во наредниов период екипите на терен ќе работат со засилено темпо со цел побрзо завршување на сите градежни работи на оваа сообраќајница. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во должина од околу 1.500 метри, каде што  се врши целосно стружење на горниот оштетен слој на коловозот до 20 сантиметри на површина од 21.240 квадратни метри и ќе се  нанесе нов асфалтен слој.

Во завршна фаза е и реконструкцијата на коловозот на улицата Московска, на потег во должина од 690 метри, а истата ќе биде целосно готова во наредните денови.

Во тек се и градежните работи на реконструкциите на булеварот Кочо Рацин и на улиците Февруарски Поход, Лазар Трповски и на  Индира Ганди.

Покрај реконструкцијата на овие сообраќајници, во моментов се вршат и градежни активности за реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев.


Назад   

Креиран од UserAA на 01.08.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079265