MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА БОРИС САРАФОВ

 

Екипите на Градот Скопје денеска /09.08.2019 година, петок/ ги започнаа градежните работи од проектот  за реконструкција на улицата Борис Сарафов, како и изградба на водоводна, атмосферска и фекална мрежа.

 

 

Со овој проект целосно ќе се реконструира коловозот на улицата Борис Сарафов на потег од крстосницата со улицата Македонска Војска до крстосницата со улицата Кузман Шапкарев, со вкупна должина од околу 1.700 метри.

 


 

На овој потег целосно ќе се отстрани стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт (АБ 11) со дебелина од 5 см на површина од околу 18.000 квадратни метри.

 

Покрај улицата, во овој проект е предвидена и изградба на нова водоводна, фекална и атмосферска канализација, на потег од крстосницата со улицата Македонска Војска до крстосницата со улицата Сремски фронт.

 


Работите на терен ќе ги изведува компанијата Жикол, а рокот за изведба е 90 дена. За реализација на овој проект Градот Скопје ќе потроши 36,6 милиони денари.

Назад   

Креиран од UserAA на 09.08.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079332