MK | EN | SQ

skopje.gov.mk
Официјален портал на Град Скопје

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ КРСТЕ МИСИРКОВ КАЈ БИТ-ПАЗАР

Екипите на Градот Скопје денеска  ја започнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Крсте Петков Мисирков од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар во Општина Чаир. Увид во градежните работи на оваа делница изврши градоначалникот Петре Шилегов.

- Градот Скопје денеска   започнува  целосна и темелна реконструкцијана булеварот Крсте Петков Мисирков на потегот од раскрсница кај Судска Палата до клучката Бит-пазар, во   должина од 1.350  метри во двете насоки.  На одредени места со цел да се добие поквалитетна сообраќајница ќе се изврши и подобрување на подлогата со тампонски слој. Во наредните  30  денови ќе изработиме една квалитетна инфраструктура којашто е сериозно оштетена во овој дел на градот – изјави Шилегов.

 

Тој додаде дека  Градот Скопје  во изминатиов период парите на скопјани, парите на граѓаните, ги троши за  вистински приоритети на нашиот град и во таа смила се врши целосна и темелна реконструкција на инфраструктурата.

 

-  Вредноста на овој проект е околу 20 милиони денари, што е значително помала сума од они кшто во минатото Градот ги плаќал за вакви услуги. Кажував во текот на првата година од мојот мандат дека ја спремаме стратегијата на нашиот град и годинава тоа граѓаните може да го видат. Нема да запреме до крајот на мандатот. Ги решаваме вистинските потреби, вистинските приоритети на Скопје и скопјани, а средствата што ги употребуваме се употребуваат  за навистина Градот да го направиме едно поубаво и побезбедно, односно европско место за живеење - истакна Шилегов.

 

Градот Скопје ги замолува граѓаните за разбирање додека траат градежните активности и  упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и  на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје.

Назад   

Креиран од UserAA на 14.08.2019
ИНСТИТУЦИИ

 

НАЈАВИ
30.11.2019 ЗАПОЧНА ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
30.11.2019 СУБВЕНЦИИ ЗА НАБАВКА НА ПЕЧКИ НА ПЕЛЕТИ
30.11.2019 ГРАД СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО НА ЧИСТЕЊЕТО НА ОЏАЦИТЕ ВО СКОПЈЕ
ПРОЦЕДУРИ И УСЛУГИ ЗА ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ .

Facebook       Twitter        Youtube Channel

 


Администрација |  Контакт |  Прашања |  Разгледници
Copyright(C)2009 Град Скопје
Посетители: 13079220